×
ПРЕБАРАЈ
StudentskiOdgovori.com
Сигурно место за истражување на
 прашања поврзани со Бог и Животот
Суштински прашања

Која е мојата цел во животот?

Замисли си еден чекан. Тој е создаден за да удира, односно заковува шајки и клинци…

WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More PDF

Замисли си еден чекан. Тој е создаден за да удира, односно заковува шајки и клинци. Тоа е неговата цел. Сега да претпоставиме дека овој чекан никогаш не бил употребен. Едноставно си седи во кутијата за алати и му е гајле.

Сега замисли си истиот чекан да има душа и свесност. Поминуваат денови, а тој и понатаму стои во кутијата за алати. Се чувствува чудно внатре, но не знае зошто. Нешто недостасува, но не знае што е тоа.

Тогаш, еден ден некој го вади од кутијата и го користи за да крши гранки. Чеканот е потполно возбуден и среќен. Некој го држи, го употребува, удира со него по гранките, итн. Чеканот едноставно не може да се воздржи од среќа. Но на крајот од денот си остана со чувството на неисполнетост. Удирањето по гранките му беше интересно, но не и доволно. Нешто недостасуваше.

Во наредните денови е употребуван доста често. Некој кршеше камења со него, па ја исправаше роткапната удирајќи со чеканот по неа и други слични работи. Но чеканот и понатаму се чувствува неисполнет. Па затоа копнее по повеќе активност. Тој сака да биде употребуван што е можно повеќе за кршење, удирање итн. Тој си мисли дека не е задоволен и исполнет затоа што не е употребуван доволно.

Тогаш, еден ден, некој го зема чеканот и го употребува за да закове еден клинец. Одеднаш неговата душа се осветлува. Дури сега разбира за што е создаден. Неговата цел е да заковува клинци. Сите останати работи што ги правел не ни можат да се споредат со исполнетоста што ја чувствува кога заковува клинци. Сега открива по што тежнеела неговата душа цело време и зошто се чувствувал неисполнет и како нешто да му недостасува.

Ние сме создадени во Божјиот лик за да имаме заедништво со Него. Да се биде дел од тоа заедништво е единствената работа што може да ја задоволи нашата душа. Сите претходни работи што сме ги правеле не ја погодуваат целата, а така ќе биде сè додека не го запознаеме Бог. Можеби сме биле употребувани за благородни цели, но не и за онаа за која сме создадени, не и за онаа преку која ќе постигнеме целосно исполнување. Свети Августин вака го искажал тоа: „Ти Боже нè направи за Тебе; затоа нашите срца се немирни сè додека не го најдат мирот во Тебе.“

Заедништвото (или врската) со Бог е единствената работа што може да ја изгаси жедта на твојата душа. Исус Христос рече: „Јас Сум лебот на животот. Кој доаѓа кај Мене нема да огладни и кој верува во Мене никогаш нема да ожедни.“ Сè додека не Го запознаеме Бог, ќе бидема гладни и жедни. „Јадеме“ и „пиеме“ секакви работи за да ги задоволиме нашата глад и жед, но пак остануваме гладни и жедни.

И ние сме како чеканот. Не сфаќаме што може да ја исполни таа празнина во нашите животи. Еден преживеан од нацистичките логори увидел дека само Бог може целосно да го исполни среде маките и страдањата во логорот и затоа рекол: „Основата на нашата среќа беше тоа што знаевме кои сме во Господа. Можевме да имаме целосна доверба во Божјата љубов... нашата Карпа беше посилна од најдлабоката темнина.“

Обично кога го отфрламе Бог, се обидуваме да најдеме исполнување во нешто друго, но проблемот е што тоа нешто не е доволно за да ја задоволи нашата потреба. И така продолжуваме да „јадеме“ и „пиеме“ сè повеќе и повеќе, погрешно верувајќи дека решението за проблемот е ако земеме „повеќе“ од таа работа, но сепак никогаш не сме целосно исполнети.

Нашата најголема желба е да Го запознаеме Бог и да имаме заедништво со Него. Зошто? Затоа што така сме создадени. Дали си почувствувал како е да ја погодиш вистинската цел заради која постоиш?

 Како да започнеш лична врска со Бог?
 Имам прашање…

СПОДЕЛИ ГО ТЕКСТОТ:
WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More