×
ПРЕБАРАЈ
StudentskiOdgovori.com
Сигурно место за истражување на
 прашања поврзани со Бог и Животот
П & O

Како изгледа рајот? Дали навистина постои рај?

WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More PDF

П: „Дали навистина постои рај? Како изгледа и каде се наоѓа? Дали таму ќе го сретнам моето семејство и сите мои пријатели?“

Наш О: Да, навистина постои рај.

Она што повеќето луѓе го нарекуваат „рај“ е всушност вечен град кој Библијата го нарекува „Новиот Ерусалим“ (Откровение 21:2). Вечниот град е опишан вака:

„Еве го Божјиот Шатор меѓу луѓето и Тој ќе живее со нив; и тие ќе бидат Негов народ, а Самиот Бог ќе биде со нив, и ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач, ниту болка, зашто првото помина. А Оној Кој седи на престолот, рече: „Ете, правам сè ново““ (Откровение 21:3-5).

Новиот Ерусалим ќе биде вечниот дом за Божјиот народ. За ова место Библијата вели дека „во него нема да влезе ништо нечисто, ни оној кој прави нешто гнасно и лаже, туку само оние кои се запишани во книгата на животот на Јагнето (Исус)“ (Откровение 21:27).

Речено ни е дека сите луѓе ќе подлежат на телесно воскресение од мртвите и сите ќе се појават пред Христовиот суд (Откровение 20:11-13). Иако Исус дојде на земјата пред сè како Спасител, сега Тој ќе биде Судија. Оние чии имиња нема да бидат запишани во книгата на животот ќе бидат фрлени во огненото езеро (Откровение 20:14-15).

Помислата дека сите ќе одат во рајот и ќе ги видат своите пријатели и роднини воопшто не е библиска. Исус рече дека само оние кои веруваат во Него ќе имаат живот, бидејќи „никој не доаѓа кај Таткото, освен преку Мене“ (Јован 14:6). Во Откровение 7:9 е запишано дека во рајот ќе има мноштво на луѓе од секое племе, од секој јазик и народ кои ќе имаат вечен живот поради нивната вера во Исус. Оние што Го отфрлиле Бог нема да бидат со Него.

 Како да започнеш лична врска со Бог?
 Имам прашање…

СПОДЕЛИ ГО ТЕКСТОТ:
WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More