×
ПРЕБАРАЈ
StudentskiOdgovori.com
Сигурно место за истражување на
 прашања поврзани со Бог и Животот
Запознај го Бог

Чинии што паѓаат

Дознај повеќе за Исус и за она што Тој ти нуди. Прочитај Повеќе од слепа вера

WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More PDF
 Имам прашање…
 Како да започнеш лична врска со Бог?

Македонски превод на транскриптот на видеото:

Ти. Погледни ги твоите очи. Погледни во нив. Шарени. Обоени. Секое уникатно. И јас ги создадов сите. Јас создадов сè. Вселената. И тебе. Ти дадов уникатност. Те создадов чист. Сложен. И секој ден Ти давам живот. Те сакам.

Но нешто се случи. Ти ме изневери. Не ми поверува. Ти згреши. Ти се отсече од мене. И иако сеуште си жив. бавно умираш. Почна да бараш други работи. Да ја пополниш празнината. Но ништо не функционира. Тоа само те убива побрзо. И нè одвојува повеќе и повеќе. Што бараш? Прифаќање Интимност Љубов.

Не сакам да умреш. Јас те создадов. Не за да бидеш уништен. Туку, да ме запознаеш.

Така јас станав еден од вас. Кревко создание. Бев искушуван. Но никогаш не згрешив. Дојдов да те спасам. Имаш многу гревови. И тие имаат цена. Некој мора да умре. Ти, или Јас. Така го земав твојот грев. И го заменив мојот живот за твојот. И умрев на твое место. Затоа што те сакам.

Тогаш - воскреснав од мртвите. Јас сум патот. Вистината. И Животот. Јас Сум Исус. Не сум тука за да те осудам. Дојдов да те вратам во живот. Потпри се на мене. Ќе ти простам. И ќе ти дадам вечен живот. Те сакам. Го сторив сето ова за тебе за да се поврзам со тебе. Ќе ме следиш?

 Имам прашање…
 Како да започнеш лична врска со Бог?

СПОДЕЛИ ГО ТЕКСТОТ:
WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More