×
ПРЕБАРАЈ
StudentskiOdgovori.com
Сигурно место за истражување на
 прашања поврзани со Бог и Животот
Живот и врски

Дела на добрина

Ние сакаме да помагаме. Што нè принудува да се грижиме за другите, да им помагаме на луѓето? Погледни што нè принудува да правиме несебични добри дела…

WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More PDF

Од Пери Маршал (Perry Marshall)

Зошто нè засега тоа што луѓето умираат од болести? Или пак, тоа што корумпираните влади предизвикуваат сиромаштија и глад? Зошто нè засега тоа што се киднапираат и се носат во сексуалното ропство, или пак што илјадници луѓе се убиени од терористи?

Што се случи со нашето разбирање на „опстанок на посилниот“? Појаките да ги надвадеат послабите би требало да биде една норма. Тоа би требало да биде прифатливо за нас.

Но не е прифатливо. „Опстанокот на посилниот“ всушност се движи во спротивност на нашата совест. Ние не веруваме дека една личност треба да биде жртвувана и омаловажувана, само затоа што посилната личност е способна тоа да и го направи на послабата личност.

Нашата сочуствителност

Човековата природа носи во себе сочувствително срце кое дејствува во правец спротивен на еволутивните процеси. Што би можело да биде за наше добро и доброто на нашето сопствено преживување, е она што ние не го избираме. Ние можеме да копнемее по сосема спротивното.

Ние можеме, ризикувајќи ја нашата сопствена безбедност, да извлечеме случајна жртва од запалена кола. Ние би можеле да се преселиме во друга држава за да ги спасиме девојките - жртви на сексуалното ропство. Би можеле да се приклучиме во хуманитарни организации во земји познати по герила киднапирања и брутални убиства.

Зошто го правиме тоа? Зошто нè исполнува тоа да им помагаме на другите, кога би можело да нè чини живот? Што нè привлекува кон овие несебични добри дела?

Дали е заради она што Архиепископот Дезмонд Туту од Јужна Африка го предлага? Тој условува дека ние сме создадени за „добрина“.

‘’Навистина е восхитувачки, и прекрасно, тоа што во еден тврдоглав циничен свет, каков што е нашиот, оние на кои им се восхитуваме најмногу, и вистински ги почитуваме, не се онакви какви што ние сме очекувале. Тие не се мачо, ни агресивни, дури и успешни. Не, зачудувачки, тие се повеќе како Мајка Тереза, Далаи Лама, Махатма Ганди и Нелсон Мандела.

Зошто ги почитуваме таквите како нив? Зошто?

‘Затоа што тие се добри, и нашите срца воскликнуваат, се восхитуваат во нивното присуство. Тие прават да се чувствуваме добро за тоа што сме човечки битија.’

„И затоа што, ние (секој еден од нас) сме создадени за добрина. Создадени сме за Бог, за смеа, создадени сме за нежност, создадени сме за грижа, за споделување, за сочуство.“1

Создадени да бидеме добри?

Дали е вистина? Бог, создателот на нашите животи, кажува „да’“. Нашите животи имаат поголема цел од преживување.

Еве еден мал поглед кон Божјата намера и цел за нашите животи.

„Затоа што Негово дело сме, создадени во Христа Исуса за добри дела, кои Бог ги подготви однапред, за да чекориме во нив.“2

„Кажано ти е, О човеку, што е добро, и што бара Бог од тебе, да вршиш правда и да ја сакаш добрината, и да чекориш понизно пред Твојот Бог.“3

Постојат материјалисти кои ќе се обидат да нè убедат дека ние немаме совест, ниту пак внатрешна склоност кон добрината. За нив, ние сме само водени од хемиски импулси, пре-програмирани од еволутивниот развој. Тие велат дека имаме мозок, но не и ум. Тело, но не и душа. Некои од нив расправаат дека како материјални, физички објекти, не може да биде побарано од нас да направиме повеќе од она што е во наш интерес. Ние не сме ништо повеќе од еволуирани животни.

Истите овие материјалисти, се контрадикторни сами на себе. Тие велат дека сме без слободна волја, без свест, но бараат од нас да правиме морални избори. На пример, тие можат да побараат од нас да ја заштитиме нашата околина и да се воздржиме од употребата на пластични ќеси, прекумерно трошење вода, запаливо гориво кое го загадува воздухот. Како тие можат да побараат такво самопожртвување?

Доколку ние сме програмирани кон победа еден над друг, тогаш зошто да се жртвуваме?

Авторот Динеш Д’Соуза го поставува прашањето во врска со нашите внатрешни мотивации. „...еволуцијата добро го објаснува фактот зошто ние сме себични животни, но се соочува со огромен предизвик да го објасни фактот, зошто ние истовремено се држиме за тоа дека не треба да бидеме себични“.4

Нашата склоност кон добрите дела е вградена во нашата ДНК

Бог не создал такви да имаме грижа за другите.

„Кој од вас, никогаш нема искусено да направи нешто навистина добро, кога си бил добар кон некого, а кога немало потреба да бидеш. Ти сјаеш. Навистина се чувствуваш добро.

И кога си направил нешто лошо, твоето тело едноставно ти кажува. Чувствуваш во твојата внатрешност. Гневот, незадоволството ти влијае...влијае на тебе. Твојот крвен притисок се покачува, бидејќи во нашата природа е да се биде добар. Тоа е, она за што сме создадени.“5

Дали сакаш да видиш праведни дела врз сиромашните, наместо злоупотребување? Да видиш милост и мир? Тоа е токму она по кое Бог сака да трагаме.

Сите големи религии на земјата – Хиндуизам, Будизам, Ислам, Христијанството – сите гледаат на Исус Христос со најголема почит. Неговиот живот беше посебен и единствен. Неговите вредности бескомпромисни.

Исус вети: „Благословени се оние кои гладуваат и жеднеат за правдата, затоа што ќе бидат задоволени. Благословени се милостивите, затоа што ќе примат милост. Благословени се миротворците, затоа што тие ќе бидат нарекувани синови Божји.“6

Како и да е, ајде да бидеме искрени. Како човечки битија, ние сме склони кон себичност, алчност, убиства. Немаме проблем со тоа да ги игнорираме сиромашните, страдалниците, бездомниците. И тоа е нашата дилема.

„Ние сакаме да веруваме во целосната човечка добрина, но честопати нашите надежи се исцрпени од себичните и насилните дела на нашата сопствена човечка природа еден кон друг. Се потпираме на ветувањата од новите научни пробиви кои треба да помогнат на нашиот повреден свет, но стравуваме дека некои од овие откритија можат да бидат употребени на начини кои можат да предизвикаат повеќе штета, отколку добро.“7

Предизвик: Сочувство или себичност?

Тука лежи проблемот. Имаме две природи кои се во конфликт внатре во нас. Еден дел од нас е многу себе-центричен, фокусирајки се на тоа што ни користи нам, дури и на штета на другите. Другиот дел од нас искрено сака да се жртвува за другите. Имаме внатрешен конфликт кој што животинското царство го нема.

Сепак постои решение. Подобрата верзија од нас сепак може да победи. Но не со сопствени сили. Постои предност во познавањето на Бог. Кога ја искусуваме Неговата љубов, тоа нè носи над нашите човечки ограничености. Бог може да нè извлече од нашата себе-центричност и да направи да се грижиме подлабоко за другите. Зошто сметаме дека толку многу добротворни организации што служат во најтешките околности се засновани врз верата?

Библијата храбро изјавува: „Ние сакаме, бидејќи Тој прв нè засака.“8

Искусувањето, увереноста во Божјата безусловна, непроменлива љубов за нас, влијае врз нашиот поглед на другите.

Во Евангелието по Јован, читаме за Исус, „Словото стана тело и се всели помеѓу нас. Тој беше исполнет со верност и љубов која не престанува. И ние ја видовме Неговата слава, славата што ја има како Единороден Син на Таткото.“9

„Исус одеше низ сите градови и села, поучувајќи во нивните синагоги, проповедајќи ја радосната вест за Царството и исцелувајќи ја секоја болест. Кога ја виде толпата, тој сочувствуваше со нив, бидејќи беа изморени и беспомошни, како овци без пастир.“10

Тој нè создаде, за да ја познаваме Неговата љубов за нас, и да ја демонстрираме таа иста љубов кон другите.

Исус рече: „Како што Таткото ме сака, така јас ве засакав вас. Останете во Мојата љубов… Мојата заповед е оваа : Сакајте се еден со друг, како што Јас ве засакав“11

Дали некогаш си слушнал за тоа како би можел да ја познаваш Божјата љубов за тебе? Погледни на Исусовиот живот. Еве еден краток текст, извадок директно од Евангелието по Јован, во Библијата Кој беше Исус?.

 Како да започнеш лична врска со Бог?
 Имам прашање…

Фусноти (1)http://spiritize.blogspot.com/2005/12/desmond-tutu.html (2)Ефесјаните 2:10 (3)Михеј 6:8 (4)Dinesh D'Souza, Life After Death, Regnery Publishing, Inc., 2009. (5)Архиепископот Дезмонд Туту, http://www.achievement.org/autodoc/page/tut0bio-1 (6)Матеј 5:6-9 (7)Д-р Френсис Колинс, директор на Проектот за човечки геном. (8)1 Јован 4:19 (9)Јован 1:14 (10)Матеј 9:35,36 (11)Јован 15:9, 12


СПОДЕЛИ ГО ТЕКСТОТ:
WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More