×
ПРЕБАРАЈ
StudentskiOdgovori.com
Сигурно место за истражување на
 прашања поврзани со Бог и Животот
Постоењето на Бог

Каде е Бог?

Луѓето велат: „покажи ми го Бог“. Но, ако Бог е невидлив, тогаш како Тој може да се покаже Себеси?

WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More PDF

Замислете дека две личности на рамно парче хартија. Овие луѓе се дводимензионални, имаат ширина и висина, но немаат длабочина; хартијата е обемот на нивниот свет. Можат ли да те видат? Не. Тие можат да видат нешто, што е само на хартијата (бидејќи нели, хартијата е нивниот свет). Тие немаат перцепција за длабочина. Сега, замисли си дека со својот прст ја допираш хартијата. Сега можат ли да те видат? Тие не можат да те видат целосно, но можат да го видат врвот на твојот прст, делот кој влегол во нивниот свет.

Бог е скриен

Тоа е аналогија на нашата состојба со Бога. Бог постои надвор од нашите димензии. Тој може да постои надвор од времето и просторот. Затоа, тешко е да се „види“ Бог. Ние сме како рамните луѓе на дводимензионалната хартија. Ние не можеме да видиме што има во третата димензија. Но, во овој случај, ние постоиме во четири димензии (должина, ширина, висина, време), а Бог постои над тоа.

Па, како да се запознаеме со такво Битие? Исто како што „рамните луѓе“ на хартијата, не можеа да знаат за тебе, доколку не ја допреше хартијата, ние не можеме да го откриеме Бог, освен ако Тој Самиот не ни се открие нам. Тој мора да ја „допре хартијата“ на нашиот свет. Бог мора да се симне (да дојде) во димензиите.

Откриен невидливиот Бог

Додека ја проучуваме човечката историја, особено религиозната историја, дали наоѓаме примери каде Бог ја „допрел хартијата“ на нашиот свет? „Божјиот прст“ го допре нашиот свет, во личноста позната како Исус Христос. Исус тврдеше дека е Бог1. Исус рече дека секој што го видел Него, го видел Бог2. Исус рече дека Тој е единствениот Кој дошол директно од Бог во нашиот свет3, и Кој ги простува гревовите на луѓето - а тоа може само Бог да го направи.4 Многу други пасуси во Новиот Завет, ја потврдуваат Неговата божествена природа.5 Тој беше Бог, Кој „стана тело и се всели меѓу нас“.6 Тој е „слика на невидливиот Бог“.7

Ако ние сме „рамни луѓе“, тогаш има смисла дека мулти-димензионалниот Создател - Бог, влегол во нашиот четиридимензионален свет со тоа што станал човечко суштество. Тој ни се откри на нас. Но, зошто Бог би го сторил тоа?

Зошто Тој (Бог) дојде?

Има една приказна, која кажува за еден стар земјоделец кој живеел сам во својата куќа. До неговата куќа имало штала. Во една многу студена зимска ноќ, птиците почнале да се удираат во прозорците на неговата топла куќа, пробувајќи да избегаат од смртоносниот студ. Па, старецот излегол надвор и ја отворил вратата од шталата. Внатре во шталата било топло. Тој почнал да мавта со своите раце и да вика кон птиците, за да се вратат во шталата на безбедно. Но, тие не го разбрале.

Тогаш старецот посакал да може да стане една од нив. Ако би можел да стане птица, тогаш би ги одвел другите птици во шталата, за да ја избегнат смртта. И во тој момент стариот земјоделец разбрал зошто Исус мораше да дојде. Иако старецот не можеше да стане птица, Бог можеше да стане човек. И Бог така и направи: „Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот“.8

 Имам прашање…
 Како да започнеш лична врска со Бог?

Фусноти: (1) Јован 8:58; 17:3 (2) Јован 12:45; 14:9 (3) Јован 3:13 (4) Марко 2:5 (5) Јован 1:3,4,18; Евреите 1:1-13; Колосјаните 1:15-20; 2:9; Филипјаните 2:6 (6) Јован 1:14 (7) Колосјаните 1:15 (8) Јован 3:16


СПОДЕЛИ ГО ТЕКСТОТ:
WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More