×
ПРЕБАРАЈ
StudentskiOdgovori.com
Сигурно место за истражување на
 прашања поврзани со Бог и Животот
Суштински прашања

Корона вирус (КОВИД-19) - како да се справиш со анксиозноста

Еве еден сигурен начин како да се справиш со анксиозноста, стресот предизвикан од Коронавирусот или од било која друга грижа, и да живееш со поголем мир…

WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More PDF

Од Мерилин Адамсон (Marilyn Adamson)

За многу, Корона вирусот (COVID-19) ескалираше во алармантна загриженост. Истиот продолжува да се шири во нови држави, бројката на смртни случаи расте.

Но како и да е, ти можеби се чувствуваш анксиозно и поради други закани. Секојдневно се соочуваме со различни причини кои ни создаваат стрес.

Листата е доста долга… тероризам, климатски промени, сексуална злоупотреба, трговија со луѓе, природни непогоди, болести, сигурност на работно место, стресни врски, зависности, и тн.

Боли дури и само да ги наброиме истите.

Повеќе не сме само свесни за тоа што ни влијае лично. Интернетот нé направи глобални жители. Свесни сме за сериозните проблеми во секој агол од светот… секој ден… секоја минута.

Нови извори ни го хранат стравот, нашата човечка тенденција да обрнуваме внимание на тоа што е алармантно.

Но, она што најчесто ја предизвикува анксиозноста кај нас е всушност тоа што нé засега лично - тоа е она што ни се случува моментално во нашите животи.

Она чувство на тонење кога не можеме да ги контролираме околностите… Се чувствуваме загрозени. Немоќни. Стравот од тоа дека нешто ќе ни се случи, а ние не може да го избегнеме или смениме.

Има ли начин да искусиме мир во целиот овој хаос? Да.

Мир сред Корона вирус

Овој параграф ќе ви даде вистински, сигурни начини да имате мир сред епидемијата предизвикана од Корона вирусот или било која друга околност што може да предизвика анксиозност.

Прво, да кажеме збор два за лековите. Ако вообичаено се бориш со анксиозност, ако твојата анксиозност те води кон депресија или кон мисли за самоповредување, те молам, побарај медицинска помош од лекар. Можеби се случува хемиски дисбаланс за којшто требаат лекови. Понекогаш, се појавуваат форми, бразди во нашиот мозок кои бараат медицинска помош сé со цел создавање на нов тек на мислите.

Како што за дијабетес треба инсулин, има лекови кои помагаат да ја видиш грижата од пообјективна страна, т.е. посмирено. Се покажало дека лекови значително помагаат во подобрувањето на животите на многу луѓе кои страдаат од анскиозност.

Всушност, да се биде во состојба да се гледаат работите смирено и рационално е само дел од решението. Помага, ама кратко, затоа што не носи вистински мир. Тоа е како човек со скршена нога кој не ја користи тој период. Тоа му помага, ама човекот се уште има скршена нога.

Да дознаеш дека Корона вирусот е ставен под контрола во твојата држава помага, ама пак има толку многу други потенцијални предизвикувачи на анксиозност. Животот е предизвик.

Она кое ти треба е внатрешен мир што трае, што создава средина на одмор за твоето срце и ум, без разлика на околностите.

Сигурен приод во анксиозни ситуации

Со години како атеист, барав философија која секогаш ќе биде веродостојна. Сакав да ја најдам онаа што ќе ме води низ сите работи во животот и да ‘функционира’ во било која ситуација. Ги изучував Сартр, Платон, Сократ, Достоевски, Ниче, Хјум и тн, и тн.

Заклучокот до кој дојдов е дека философијата е недоволна. Таа не ги зема скоцканите проблеми од мојот грб.

Психологијата е многу слична. Може да помогне, ама психолозите најчесто се обидуваат да ве натераат да гледате на околностите различно. Тешко е да се гледа на Корона вирусот (COVID-19) различно кога илјадници луѓе се дијагностицирани со него и бројот на смртните случаи расте.

Во мојата потрага по вистински мир, без разлика на околностите, религијата ми звучеше празно. Не ми требаа ритуали, медитација, доктрини. Тоа сé ми беше како непотребен реквизит, како игри за мозокот кои се обидуваат да те оттргнат од вистинските проблеми. Чисто позитивно размислување без тежина, нешто како пласибо ефект.

Знаев дека животот има потенцијал да ми донесе вистински тешкотии. Сакав да знам за вистинскиот метод што нема да ме разочара независно од тоа што ќе донесе животот.

Многу луѓе се надеваат дека науката ќе најде лек и начин за превенција од вирусот. Ама, како и сите вируси, најверојатно Корона вирусот ќе биде со нас, дури и во мутирани форми, со години. Науката не знае сé и не е семоќна.

Како што истражував за изворот на тој мир што секогаш останува, се спријателив со една на којашто и се воодушевував за животот што го живееше. Често ми зборуваше за Бог, и ме предизивикуваше да размислувам дали всушност Бог постои.

Веројатноста дека Бог можеби постои започна процес со многу прашања, истражувања, и цврсто држење до многу јаки одбрани. Најмалку што сакав во тој период беше да бидам зезната да верувам во нешто што не е вистинско.

Науката води до Решение

После година и пол сериозно истражување, постоењето на Бог ми стана претешко за да го одбивам. Науката ме донесе до признавањето дека Бог постои… перфектната поставеност на земјата во однос на сонцето, комплексноста на водата, дизајнот на човековото тело, и тн.

Мноштвото научни факти налагаа живот на земјата, a ‘случајноста’ да нема смисла. Побарав од Бог да влезе во мојот живот за да можам да го запознаам подобро.

Сфатив дека навистина: ‘Бог е наше засолниште и тврдина, секогаш проверен помошник во неволја’.1

Мир за време на страв

Знаењето дека Бог постои и дека Тој се грижи е од особено значење за ние да имаме мир, без разлика на околностите. Дозволи ми да објаснам.

Замислете како 8 годишно момче е малтретирано од некој силеџија. Му го зема ручекот секој ден. Физички е туркан наваму натаму, омаловажуван заради забава. Тој се обидува да зборува со силеџијата, ама бескорисно. Се обидува да го одбегнува, ама и тоа без резултат. Се жали кај професорот, тоа помага многу малку.

И еден ден, некој постар ученик (и поголем од силеџијата) сочувствително се вмешува, и го информира силеџијата дека неговите денови на тероризирање на другиот ученик завршуваат тука. Ученикот кој е исмеван, веќе се чувствува подобро. Силеџијата е се уште тука, ама 8 годишното момче може да се опушти, затоа што некој повозрасен се грижи за него.

И нам ни се нуди истата помош во животот. Бог е поголем од било кој проблем со кој се соочуваме, вклучувајќи и епидемија. Нé создаде и сака да се грижи за нас.

Мир за време на овој вирус

Сред сите притисоци во овој живот, Исус нежно вели: “ Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам;”2

Ова е Бог Кој го создаде овој универзум, ѕвездените и планетарните галаксии, милиони живи и растителни видови, сложен екосистем и човечки живот. “Ништо не е претешко за Него.”3 Нè кани да дојдеме кај Него за помош.

Исус постојано го опишува Бог како наш “Татко” на небото Кој нé сака.

Добар татко заштитува, обезбедува, поучува, љуби, се грижи, се жртвува за неговите деца. Тој секогаш ќе ја потврдува својата љубов кон неговите деца.

Ако си пораснат со родители или татко кој не те сакал на тој начин, тогаш терминот “Татко” може и не ти е толку драг. Всушност, на некои луѓе анскиозноста им се појавила заради нивните родители или животна ситуација која вградила длабока несигурност и страв. Можеби имаш искусено злоставување. Запоставеност. Напуштање.

Искуства како овие можат да ни го искриват нашиот поглед за светот, за нас самите и за другите. Како и да е, заедништво со Бог носи и почеток на еден нов живот. Исус го користи зборот нановороден. Животот е различен, нов, веднаш штом започнеш заедништво со Него.

Еден од нашите најголеми стравови со Корона вирусот (COVID-19) е самиот факт на претрпување на истиот, или немањето на емоционална и физичка сила да се справиме со него, по цена на нас самите или нашите сакани. Ова може да се аплицира за сé што нé плаши. “Ќе можам ли?”

Сила за време на предизвици

Бог кој нé создаде, знае сé за тебе. Твоето потекло, случки кои ти се имаат случено, достигнувања, соништа што ги имаш/немаш за твојот живот, твојата болка, иднина, врски, апсолутно сé. Исус рече дека ги знае најмалите, неважни детали во твојот живот, “Дури и влакната на твојата глава се избројани.”4

“Господи, Ти си ме испитал и ме знаеш.Ти знаеш кога седнувам и кога ст анувам; Ти оддалку ги разбираш мислите мои. Патеката моја и јажето мое – Ти си ги испитал; сите патишта мои си ги предвидел. Уште зборови не ми дошле до јазикот мој, Ти, Господи, веќе ги знаеш:…”5

Тој знае сé за тебе. Најсигурната врска што можеме да ја имаме на овој свет е врската со Бог, Кој нé сака.

Водство во теминина

Бог никогаш немал намера да нé остави да го живееме животот сами. Тој сака да нé води во различен живот со Неговото водство. Не мора да се сопнуваме во темнината, во несигурноста.

Исус вели: “Јас сум Светлина на светот; кој врви по Мене, нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот…”6

Поканети сме “Сите ваши грижи оставете ги на Него, зашто Он се грижи за вас.”7 Било со кој проблем да се соочуваме, вклучувајќи ја и заканата од вирусот, не мора да се мачиме сами. Можеме да побараме од Него за било која потреба, и со Неговата љубов и мудрост Тој може да ги среди работите, и да одговара на нашите молитви исто како што би направил татко кој љуби. Тоа не значи дека нема да ни се случуваат неубави нешта. Татко кој љуби не заштитува од битки, неуспеси, разочарувања.

Ама крајната поента е дека Бог може и ќе се грижи за нас.

Сведок сум на одговорени молитви што не ни можам да ги избројам во моментов. Ама има и нешта за кои сум се молела на Бог, ама Тој сеуште нема одговорено. Тој ја гледа големата слика, правилното време, и не’ осигурува дека “…Знаеме дека на оние што Го љубат Бога и се призвани по Негова волја, сè им врви добро…”8

Кога ми требало насока во животот за некои важни одлуки што требаше да ги донесам, Бог обезбеди на јасен начин тоа што требаше.

Кога сум обесхрабрена или фрустрирана за некоја ситуација, Тој нежно ми зборува, ми ја корегира претставата што ја имам за нештата, давајќи ми ги Неговите погледи преку Библијата. И Неговото водство ми го зацврсти чекорот на добра почва и ми даде мир во срцето.

Сум искусила како Божјата љубов ме ослободува од несигурности и ми дава сочувство за луѓето сé со цел да ми биде природно да ги сакам.

Еве тоа значи да бидеш во заедништво со Бог, а понудено му е секому. Бог во Библијата е опишан како прекрасен Советник, вечер Татко, Принц на мирот, Моќен Бог. И Тој е сето тоа.

Слобода од уништување

Во исто време, дозволи ми да нагласам дека да се биде во заедништво со Бог не значи да ги одбегнуваме проблемите во животот.

Имаше еден период од мојот живот кога се соочував со еден настан за кој не можев да направам многу. Кога бев четвртиот месец од бременоста, докторите ми кажаа дека имаме проблем. Го познавав Бог доволно добро и Му верував со ситуацијава, без разлика на исходот од истата. Нашето дете се роди мртво.

Затоа што можев да Му верувам со таа ситуација, и покрај големата тага, никогаш не доживеав огорченост, гнев или анксиозност.

Но, се појави една друга емоција која многу ме изненади. Од загубата на нашето дете, почнав да се мачам со стравот дека и маж ми ќе почине. Го молев Бог да ми покаже како да се изборам со тој страв и да гледам на нештата исправно. Одговорот на молитвата дојде со читањето на овој Псалм:

“Зашто, ти, си Господи, надеж моја, Севишниот го избра за Свое прибежиште; зло нема да Ти се случи, и невојла нема да Ти се приближи до телото Твое;…”9

Знаев дека Бог не ветува дека никој нема да умре. Тоа е нешто што Бог не би го ветил. Како и да е, со Бог како мое прибежиште, Оној на Кого Му верувам, дури и мојот сопруг да умре, Бог не би дозволил тоа да биде ‘зло’ во мојот живот. Бог не би дозволил тоа да ме владее, да ме уништи, повреди. Сепак ќе останам во ред.

“Ниту едно зло нема да падне врз тебе.” Бог поставува лимити. Ако Му веруваме, ќе ги поднесуваме ситуациите различно… со мир.

Нема проблем што е преголем, вклучувајќи го и Корона вирусот

Исус рече: “Имате неволја во светот; но бидете храбри - Јас го победив светот.”10

Затоа и ни е кажано: “Господ е близу! За ништо не грижете се, туку во сè преку молитва и молба со благодарност изјавувајте ги пред Бога своите барања, и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исуса Христа.”11

Дали е тоа само желба? Не. Погледни ги фактите за Божјата моќ и умешност.

Земјата на која ние сега живееме се врти со околу 1 600км на час. А ние се чувствуваме перфектно смирени, уживајќи во убавите изгрејсонца и зајдисонца што ги предизвикува тоа вртење.

Земјата исто така, ротира околу сонцето, патувајќи со брзина 107,824 км на час. Дури и на тоа вртење, одржува совршена оддалеченост од сонцето, не предалеку, не преблиску.

На истиот начин на кој Бог е свесен за милионите галаксии, Он е свесен за секој голем и мал детаљ од твојот живот. И Тој те сака.

Некој што се грижи

Нé сака, не затоа што заслуживме јас и ти, туку тоа е дел од Неговата природа - да сака и да се грижи за тие кои веруваат во Него.

Бог вели: “ Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; не се вознемирувај, зашто Јас сум Бог твој; Јас ќе те закрепам и ќе ти помогнам, ќе те поддржам со десницата на Мојата правда.”12

“Зар не знаеш? Зар не си слушал дека вечниот Господ Бог, Кој ги создал краиштата на земјата, не се изморува и не изнемоштува; Неговиот разум е неиспитлив.

Он му дава сила на уморениот и му дарува јачина на изнемоштениот.

Се уморуваат и момчињата и ослабуваат, и млади луѓе паѓаат, а оние кои се надеваат на Господа, ќе ја обноват силата своја: ќе кренат крилја како орли, ќе трчаат и нема да им биде тешко, ќе одат и нема да се уморат.”13

Исус рече: “Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам не како што го дава светот. Да не се плаши срцето ваше, ниту да се бои.”14 Тој е поголем од било кој проблем да го искусиме.

Слобода од анксиозноста заради Корона вирусот (COVID-19) или било кој друг сериозен проблем, е да знаеш дека Бог може, се грижи и ќе направи сé за твое добро. За да Го запознаеш Бог на таков начин, прво треба да сакаш да стапиш во контакт со Него.

Ако сакаш да го запознаеш Бог и Неговата љубов за тебе, тука ти е објаснето како: Копнеж за 100% живот.

 Како да започнеш лична врска со Бог?
 Имам прашање…

Фусноти: (1) Псалм 46:1 (2) Maтеј 11:28 (3) Еремија 32:17 (4) Лука 12:7 (5) Псалм 139:1-4 (6) Јован 8:12 (7) 1Петар 5:7 (8) Римјаните 8:28 (9) Псалм 91:9,10 (10) Јован 16:33 (11) Филипјаните 4:4-7 (12) Исаија 41:10 (13) Исаија 40:28-31 (14) Јован 14:27


СПОДЕЛИ ГО ТЕКСТОТ:
WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More