×
ПРЕБАРАЈ
StudentskiOdgovori.com
Сигурно место за истражување на
 прашања поврзани со Бог и Животот
Постоењето на Бог

Дали отсекогаш постоело ништо?

Една приказна за почетокот на времето, потеклото на вселената и прашањето за создател…

WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More PDF

Дали некогаш си се запрашал за почетокот? Што е тоа што првин се појавило или што постоело уште од самиот почеток? Дали некогаш си размислувал за овие работи?

Чекај малку, си велиш. Зарем не е можно на почетокот да немало ништо? Зарем не е можно пред милијарди и билијарди години едноставно да немало ништо? Вреди да се размисли за тоа нели? Па затоа и ќе ја разгледаме оваа теорија користејќи се со аналогија.

Да претпоставиме дека на располагање имаме една голема соба. Целосно е затворена од сите страни и е голема колку фудбалско игралиште. Собата е целосно запечатена, нема прозорци, врати, дупки. Нема ни воздух.

Во самата соба нема ... ништо. Апсолутно ништо. Ни честичка, ни атом, ни кварк, ни прашина, ни зрак светлина. Тоа е целосно запечатена соба во која владее црна темнина. Што се случува потоа?

Па, да речеме дека твојата цел е да внесеш нешто (било што) во собата, но правилото е при тоа како помошно средство да не можеш да употребиш ништо што е во надворешниот свет. И што ќе направиш?

Можеби би помислил да направиш искра во таа соба за да се појави малку светлина дури за момент. Тоа би било нешто, нели. Да, но ти си надвор од собата, така што тоа не би било дозволено.

Ти доаѓа друга идеја. Да телепортираш нешто во собата, како што прават на филмот Ѕвездени патеки. Но и тоа не би било дозволено, бидејќи е помошно средство што се наоѓа надвор од собата. Проблемот е во следново: треба да внесеш нешто во собата користејќи се со работи што се веќе во собата, а веќе рековме дека во собата нема ништо.

На крајот на краиштата можеби ќе кажеш дека некоја честица ќе се создаде сама од себе ако се даде доволно време.

Има три проблеми поврзани со оваа теорија. Прво, времето само по себе не може да направи ништо. Работите се случуваат со тек на време, но времето не е тоа што ги придвижува работите. На пример, ако чекаш 15 минути за да се испечат некои колачи, 15-те минути не се тие што ќе ги испечат, туку топлината од рерната. Ако ги оставиш колачите на работната маса 15 минути, тие нема да се испечат.

Во нашиот пример ние имаме целосно затворена соба со апсолутно ништо во неа. Чекајќи да поминат 15 минути воопшто нема да ја смени состојбата. Можеби ќе речеш да се чекаат еони. Но еон е збир од многу 15 минутни сегменти збиени заедно. Дали колачињата ќе се испечат на работната маса ако чекаш цел еон?

Вториот проблем е во следново: зошто нешто едноставно би се појавило во празната соба? Би му требало причина за да се појави или да настане. Но во собата нема ништо. Во собата нема ништо што би предизвикало нешто да се појави, а сепак причината за нешто да се појави мора да произлезе од собата.

Можеби ќе речеш: а да настане некоја мала, ситна честица од некоја предмет? Нели тоа би имало многу поголема шанса да се материјализира во собата, отколку нешто многу поголемо, како на пример фудбалска топка? Тоа нè доведува до третиот проблем: големината. Исто како и времето, така и големината е апстрактна. Како да се роднини. Да речеме дека имаш три топки, но различни по големина. Едната е со дијаметар од 10 метри, втората е 5 метри, а третата е со нормалната големина. Која од нив има најголеми шанси да се материјализира во собата?

Топката со нормална големина? Не! Веројатноста е иста за сите три топки. Големината не менува ништо, бидејќи тоа не е главната работа. Прашањето е дали воопшто може да се појави топка во нашата соба.

Ако мислиш дека дури ни најмалата топка не може да се појави сама од себе, без разлика колку време ќе помине, тогаш мора да заклучиш дека ни атом не може да се појави сам од себе. Проблемот не е во големината. Веројатноста една мала честица да се материјализира без причина не е поголема од таа да се материјализира телевизор без никаква причина.

А сега да ја растегнеме нашата аналогија малку повеќе. Ги тргаме ѕидовите од нашата соба и ја прошируваме во сите правци до бесконечност. Сега нема ништо што е надвор од таа соба, затоа што собата е сè што постои.

Оваа бесконечна црна соба нема светлина, нема прашина, нема честици, нема воздух, нема хемиски елементи, нема молекули, нема ништо, апсолутно ништо. Затоа и ќе ја наречеме Апсолутно ништо.

Прашањето е: ако на почетокот - пред илјади милијарди години - немало ништо, тогаш и денес не би требало да има апсолутно ништо, нели?

Да. Затоа што нешто - колку и да е мало - не може да настане од апсолутно ништо.

Што ни кажува ова? Дека Апсолутно ништо никогаш не ни постоело. Зошто? Затоа што ако Апсолутно ништо постоеше, сеуште ќе имаше Апсолутно ништо.

Ако Апсолутно ништо постоеше, тогаш не би имало нешто што е надвор од тоа ништо што би го предизвикало постоењето на нешто.

Да повториме уште еднаш, ако Апсолутно ништо постоеше, тогаш денес сеуште ќе имаше Апсолутно ништо.

Но нешто сепак постои. Впрочем, многу нешта постојат. На пример ти си нешто што постои и тоа многу важно нешто. Оттука произлегува дека ти си доказ дека Апсолутно ништо никогаш не постоело.

Сега, ако Апсолутно ништо никогаш не постоело, тоа значи дека секогаш имало барем Нешто што постоело. Што е тоа Нешто?

Дали било/е едно нешто или повеќе нешта? Дали било атом? Честица? Кварк? Молекула? Фудбалска топка? Телевизор? Колачи?

За да дознаеш повеќе прочитај го Нешто.

 Како да започнеш лична врска со Бог?
 Имам прашање…

СПОДЕЛИ ГО ТЕКСТОТ:
WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More