Дома >> Рај? >> Како го објаснувате Тројството?

Како го објаснувате Тројството?

П: „Што можете да кажете за доктрината на Светото Тројство?“

Наш О: Зборот „Тројство“ го нема никаде во Библијата, туку човекот го употребува за да го опише она што го научил за Бог од Библијата. Библијата јасно зборува за Бог Таткото, Бог Синот (Исус Христос) и Бог Светиот Дух, а сепак дека постои само еден Бог. На тој начин се признава тоа што Библијата ни го открива за Бог, дека Бог е претставен преку три „Личности“, кои ја имаат истата доза на божественост.

Некои се обидуваат да го објаснат Тројството со разни примери, од кои еден е оној каде Н2О може да биде во течна, тврда и гасовита состојба (различни форми, но исти молекули на Н2О). Друг пример е со јајцето кое има лушпа, белка и жолчка, но ваквата илустрација наведува дека Бог е составен од делови, а не е така.

Бог Синот (Исус Христос) е целосно Бог. Бог Таткото е целосно Бог. И Бог Светиот Дух е исто така целосно Бог. Но сепак постои само еден Бог. Во овој свет тешко е да го разбереме Тројството со нашите ограничени умови. Уште од самиот почеток на Библијата гледаме дека Бог е опишан на тој начин. Во Битие 1:26 гледаме како Бог зборува за себе во прво лице множина и ја употребува заменката „нашиот“: „И Бог рече: ‚Да направиме човек според Нашиот лик, според Нашата сличност, и нека владеат над морските риби, над небесните птици и над добитокот - над сета земја - и над сите лазачи што ползат по земјата!'“

Ова што следи се само неколку од многуте стихови од Библијата кои зборуваат дека Бог е еден во Тројството:

  • „Чуј, Израелу! Господ е наш Бог, Господ е Еден!“ (Второзаконие 6:4)
  • „Јас Сум Господ и нема друг; нема Бог освен Мене.“ (Ис. 45:5)
  • „Нема друг Бог освен Единиот.“ (1 Кор. 8:4)
  • „А кога Исус беше крстен, веднаш излезе од водата. И ете, небесата се отворија и го виде како Божјиот Дух слегува како гулаб и се спушта над Него. И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот мил Син, Кој е по Мојата волја!““ (Мт. 3:16-17)
  • „Затоа одете и направете од сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух.“ (Мт. 28:19)
  • Исус рече: „Јас и Мојот Татко сме едно.“ (Јвн. 10:30)
  • „Кој Ме видел Мене, Го видел и Таткото.“ (Јвн. 14:9)
  • „И Кој Ме гледа Мене, Го гледа Оној Кој Ме прати.“ (Јвн. 12:45)
  • „Ако некој Го нема Христовиот Дух, не е Негов.“ (Рим. 8:9)
  • „Јосифе, сине Давидов, не плаши се да ја земеш Марија за своја жена, зашто зачнатото во неа е од Светиот Дух.“ (Мт. 1:20)
  • „Ангелот одговори, велејќи и: „Светиот Дух ќе дојде на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; затоа Светото дете кое ќе биде родено ќе се нарече Божји Син.““ (Лк.1:35)
  • (Исус им зборува на учениците) „А Јас ќе Го молам Таткото, и Тој ќе ви даде друг Утешител, за да биде со вас довека: Духот на Вистината, Кого светот не може да Го прими, зашто не Го гледа, ниту Го познава. Вие Го познавате, зашто Тој престојува со вас и ќе биде со вас... Ако некој Ме љуби, ќе го пази Моето Слово, и Мојот Татко ќе го љуби: кај него ќе дојдеме и во него ќе се вселиме.“ (Јован 14:16-17, 23)


  • Прати ја страната на пријател
  • Како да започнеш лична врска со Бог?


  •  
    Ресурси
    Имаш прашање?
    Имаш прашање?
    Пиши ни.