×
ПРЕБАРАЈ
StudentskiOdgovori.com
Сигурно место за истражување на
 прашања поврзани со Бог и Животот
П & O

Два вида на вистина

Дали е можно христијанството да биде „вистинито за тебе, но не и за мене“?

WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More PDF

Од Марк Хансард (Mark Hansard)

Еднаш не толку одамна зборував со еден студент на тема христијанство. Тој беше бистар, интелигентен и добро образуван и речит во областа на науката и филозофијата.

„Христијанството е можеби добро за ТЕБЕ“, ми рече, „но не и за МЕНЕ. Мислам дека човек треба да верува во она што го прави среќен и му дава мир.“

„Можеби си во право во врска со тоа“, му реков јас. „Мене не ми е цел да ти го натурам моето мислење. Дозволи да нафрлам некои идеи и да видиме што ти мислиш за нив. Има два вида на вистина. Едниот вид е личното мислење за нешто или преференција, како на пример, сакам сладолед од чоколадо. Некои луѓе сакаат чоколадо, а некои ванила. Некои студираат на економски, а некои на филолошки факултет.“

„Другиот вид на вистина е онаа научната. На пример, гравитацијата дејствува на тебе без разлика дали веруваш во неа или не. Пред да беше откриена, јаболката и понатаму си паѓаа на земјата, нели?“

„Во ред, точно“, се согласи студентот.

„Работата е во тоа што луѓето мислат дека религијата е на исто ниво како и личното МИСЛЕЊЕ“, продолжив јас. „Како да се работи за омилениот вкус на сладоледот. Но Библијата вели дека духовната вистина е како ЗАКОНОТ ЗА ГРАВИТАЦИЈА. Таа си останува вистина без разлика дали ти веруваш во неа или не.“

„А дали Библијата е точна или не, е сосема друго прашање. Но поентата е во следново: Библијата вели дека нашиот грев нè одвоил од Бог и единствениот начин да се реши тој проблем е преку Исус Христос.“

„Можеш да веруваш во било што“, му реков. „Мојата работа не е да те присилам да веруваш во она во што јас верувам... Но ако ти си во право, а јас не, тогаш јас немам што да изгубам. Кога ќе умрам, едноставно ќе се претворам во прав. Но ако јас сум во право, а ти не, тогаш тоа може да те чини многу скапо, а тоа е да ја поминеш вечноста одвоен од Бог. Зарем не вреди човек барем да размисли за ова малку?“

По изразот на неговото лице знаев дека ова го заинтригира и го натера да размислува повеќе.

За повеќето луѓе, самата помисла дека христијанството е единствениот начин до небото е доста одбивна и затоа се противат. Не ги ни обвинувам, бидејќи навистина, звучи доста арогантно. Доста од христијаните и СЕ арогантни. Но мислам дека одбивноста што луѓето најчесто ја чувствуваат е само недоразбирање. Кога Исус рече: „Јас Сум Патот, Вистината и Животот“, тој не се фалеше како да сакаше да каже: „Јас Сум најдобриот и ќе ги пуштам само оние луѓе во рајот што ќе го следат Мојот начин.“

Туку со тие зборови, Тој сакаше да каже: „Постои само еден пат или начин да се помине Големиот Кањон. Не може да го прерипаш, да скокнеш или да го поминеш со кола. Потребен ти е хеликоптер.“ Природата на самиот проблем наметнува да постои само едно решение.

Нашиот грев нè оневозможува да Му се приближиме на Бог и да Го досегнеме. Нашите обиди да Го досегнеме Бог со „добар“ живот или со религиозност се безуспешни. Но затоа Бог може да нè досегне нас. Исус Христос дојде на земјата за да ни биде простено и за да може да имаме врска со Него. Ние може да се обидуваме да дојдеме до Бог со добри дела или религиозни ритуали, но Исус рече дека тоа нема да успее.

Исус не само што кажа: „Никој не доаѓа кај Таткото, освен преку Мене“, туку го кажа и следново: „Кој го слуша Моето слово и верува во Оној Кој Ме прати, има вечен живот и не доаѓа на суд, туку премина од смрт во живот.“ Доколку имаше други луѓе кои се Бог, тогаш ќе имаше и други патишта и начини до небото! Но Исус е единствениот човек во историјата за кого знам дека ги исполнува сите услови да биде единствениот пат и начин!

 Како да започнеш лична врска со Бог?
 Имам прашање…

СПОДЕЛИ ГО ТЕКСТОТ:
WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More