Дома >> Рај? >> Зошто Бог не направи некое спектакуларно...

Зошто Бог не направи некое спектакуларно чудо за да се докаже Себеси?

П: „Зошто нема јасни и видливи докази кои без трошка сомнение би му покажале на светот дека Бог постои?“

Наш О: Многумина од нас бараат цврста причина за да Му веруваат на Бог. Некои луѓе веруваат во Бог поради цврсти филозофски и фактички причини (некои од нив се претставени во делот Постоењето). Други пак, веруваат во Бог поради тоа што молитвата им била одговорена, животот им се променил благодарение на Бог или пак Бог им дал правец во животот.

Но зошто Бог едноставно не се покаже Себеси јасно и отворено за луѓето да МОРААТ да веруваат дека постои? Добар одговор на ова прашање ни дава Филип Јенси (Philip Yancey) во неговата книга The Jesus I Never Knew.

Јенси истакнува дека Бог ни ја дал слободата сами да си избереме дали ќе веруваме во Него или не. Во својата книга тој вели: „Мојата вера страда од премногу слобода и премногу искушенија да не се верува. Понекогаш сакам Бог да ме преплави со докази за Неговото постоење за да отстрани секаков сомнеж и да даде сигурни докази дека навистина постои. Сакам Бог кој е целосно јасен, без нејасни работи. Сакам Бог кого лесно би можел да им го претставам на моите скептични пријатели.“ Но малку понатаму во текстот го вели следново: „Колку повеќе Го запознавам Исус, толку повеќе сум запрепастен од она што Достоевски го нарекува чудото на воздржувањето.“

Ако сакал, Исус можел да изврши такви спектакуларни чуда што луѓето не би имале друг избор освен да поверуваат во Него. Тој можел да исцели цели села и градови со само една Негова изјава. Тој можел да направи многу други чуда што би ги приморало луѓето да веруваат во Него. Но Бог секогаш ја почитува слободната волја што ни ја дал.

Јенси вели: „Многу повеќе чуди тоа што Тој одбил да изведе такви чуда и да наведе докази. Божјото упорно инсистирање на човековото право да владее над својата слобода е толку неприкосновено што Тој ни дозволи да живееме како да не постои, да Го плукаме и да Го распнеме. Верувам дека Бог инсистира на таквото воздржување, бидејќи никакво пиротехничко прикажување на Неговата Семоќност не би го постигнал посакуваниот ефект. Иако моќта може присилно да наметне послушност, само љубовта е таа што може да предизвика возвраќање на љубов, а тоа е токму она што Бог го сака од нас и причината зошто нè создал.“

Ако Бог би ја покажал Својата моќ со спектакуларни чуда, тогаш би можел да нè натера да веруваме во Него. Тој би можел многу лесно да нè присили да Му бидеме послушни. Тој би можел да заповеда сè што сака. Но Бог сака ние да Ги запознаеме Него како нашиот Татко, Пријател, Утешител и Господ, но на доброволна база, а не под присила.

Тој ни има дадено повеќе од доволно докази за да веруваме во Него (прочитај Повеќе од слепа вера). Но не нè присилува да Го знаеме. Исус кажа: „Еве, стојам пред вратата и чукам; ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него и тој со Мене“ (Откровение 3:20). Тој влегува во нашите животи само ако Му дозволиме. А ако ние искрено сакаме да дознаеме дали Тој навистина постои и каков е по природа, тогаш Тој ќе ни дозволи да Го најдеме и запознаеме.


  • Прати ја страната на пријател
  • Како да започнеш лична врска со Бог?


  •  
    Ресурси
    Имаш прашање?
    Имаш прашање?
    Пиши ни.