Од Дик Пурнел (Richard Purnell)
Д-р. Хенри Брант, во магазинот Collegiate Challenge (Колегијален Предизвик), рече дека кога кај него на разговор ќе дојдат парови постои еден синдром, една шема што се повторува. Тие велат: „Отпрво, сексот беше возбудлив. Потоа почнав да се чувствувам чудно, а после и во чувствата кон мојот партнер се појави нешто чудно. Се расправавме, се каравме и конечно раскинавме. Сега сме непријатели.“ Јас ова го нарекувам „синдром на утрото потоа“.
Се будиме и сфаќаме дека интимноста меѓу нас не постои. Сексуалниот однос веќе не нè задоволува, и така, на крај добивме нешто што воопшто не сме го посакувале. Добиваме двајца егоцентрични луѓе кои сакаат само себеси да си удоволат. Искрена љубов и интимност не можат да се добијат „инстантно“, а ние завршуваме во нераумнотежена состојба барајќи хармонија. Секој од нас има пет значајни области од својот живот физичкото, емоционалното, умственото, општественото и духовното. Сите области се создадени за заедно да функционираат во хармонија. Во нашата потрага за хармонија, ние го сакаме решението денес, или по можност, вчера. Еден од нашите проблеми е тоа што сакаме „инстант“ задоволување. Кога потребата за интимност во една врска не е задоволена, бараме „инстант“ решение. Каде бараме? Во физичкото, емоционалното, умственото, општественото или духовното? -Во физичкото. Полесно е да се биде физички интимен со некого отколку да се биде интимен во која било друга област. Можеш да станеш интимен со некој од спротивниот пол за еден час, или за пола час, зависно од нагонот! Но набрзо откриваш дека сексот може да е само привремено задоволување на една површна желба. Постои една многу подлабока потреба која останува незадоволена. Што правиш кога возбудата избледнува, и колку што имаш повеќе секс, толку помалку ти се допаѓа? Ние наоѓаме рационално објаснување велејќи: „Ние не сме вљубени. Не, мислам навистина вљубени.“ Но сепак се шувствуваме виновни и незадоволни. Насекаде меѓу студентите гледам момчиња и девојки како бараат интимност и влетуваат од една врска во друга надевајќи се: „Овој пат ќе биде тоа вистинското. Овој пат ќе најдам трајна врска.“
Верувам дека она што навистина го сакаме не е секс. Ние всушност копнееме по интимност.
Сексот може да биде само привремено задоволување на една површна желба. Постои многу подлабока потреба која останува незадоволена.
Денес, зборот интимност има примено сексуални конотации. Но интимноста е многу повеќе. Ги вклучува сите различни области во нашите животи - да, физичките, но исто така и емоционалните, умствените, општествените и духовните аспекти. Интимноста всушност значи тотално споделување на животот. А зарем сите ние некогаш не сме имале желба за блискост, за единство, за потполно споделување на нашиот живот со некого? Маршал Хоџ има напишано една книга со наслов Твојот страв од љубовта. Во неа тој тврди: „Ние копнееме за мигови на изрази на љубов, блискост и нежност, но често, во клучниот момент, се повлекуваме. Се плашиме од блискоста. Се плашиме од љубовта.“ Понатаму во истата книга, Хоџ изјавува: „Колку што повеќе се зближуваш со некого, се изложуваш на сè поголем ризик да бидеш повреден“. Стравот од болката е она што често пати нè оддалечува од наоѓање на вистинска интимност. Еднаш држев една серија предавања на еден универзитет во Илиноис. После едно од предавњата, едена жена ми пристапи и рече: „Морам да зборувам со тебе за проблемите што сум ги имала со моите дечковци.“ Седнавме, и таа почна да ми раскажува за нејзините маки. По неколку моменти, таа го рече следново: „Сега преземам мерки никогаш повторно да не бидам повредена.“ Јас и реков: „Со други зборови, ти преземаш чекори никогаш повторно да не љубиш.“ Таа помисли дека не ја разбрав, и продолжи: „Не, не го велам тоа. Јас само не сакам повторно да бидам повредена. Не сакам болка во мојот живот.“
Реков: „Точно така, не сакаш љубов во твојот живот. Знаете, „безболна љубов“ не постои. Колку што повеќе се зближуваме со некого, се изложуваме на сè поголем ризик да бидеме повредени.“
Мојата проценка е дека ти (и околу 100% од луѓето) би рекол дека си бил повреден во некоја поранешна врска. Прашањето е што правиш со таа повреда? За да ја камуфлираме болката, многумина од нас им праќат на луѓето она што јас го нарекувам „двојна порака“. На личноста и велиме: „Види, сакам да станеме поблиски. Сакам да љубам и да бидам љубен/а... но почекај малку, сум бил/а повреден/а. Не, не сакам да зборувам на таа тема. Не сакам да ги слушам тие работи.“ Градиме ѕидови околу нашите срца, за да се заштитиме од некој однадвор, којшто сака да влезе за да нè повреди. Но, истиот тој ѕид којшто ги спречува луѓето да влезат, нè заробува нас внатре. Резултатот: Осаменоста завладува и вистинската интимност и љубов стануваат невозможни.
Љубовта е повеќе од само емоции и многу повеќе од пријатно чувство. Но нашето општество го има земено онашто Бог го кажал за љубовта, сексот и интимноста, и го има претворено само во емоции и чувства. Бог во Библијата детално ја опишува љубовта, посебно Првото Послание до Коринтјаните, 13та глава. За да можеш целосно да ја сфатиш Библиската дефиниција за љубовта, дозволи ми да ги наведам од четвртиот до седмиот стих (1 Коринтјаните 13:4-7) на следниов начин. Ако некоја личност те љуби онака како што Бог вели дека треба да бидеме љубени, до која мерка ќе бидат задоволени твоите потреби:
Ете така Бог ја дефинира љубовта што Тој сака да ја искусиме во нашите односи. Ќе забележиш дека овој вид на љубов се фокусира на другиот. Таа дава наместо да го бара своето. Меѓутоа, постои еден проблем. Кој може да живее според овој стандард? За ние да доживееме ваква љубов кон некого, најпрвин самите мораме да ја доживееме Божјата љубов за нас. Ти не можеш постојано да покажуваш таков вид на љубов кон некого ако никогаш не си бил сакан на овој начин. Бог, Кој те познава, Кој знае сè за тебе, те љуби на совршен начин. Бог ни вели преку древниот пророк, Еремија: „Те возљубив со вечна љубов; и те привлеков кон Себеси“ (Еремија 31:3). Божјата љубов кон тебе никогаш нема да се промени. Бог толку многу нè засака, што дозволи Исус Христос да биде распнат (древна форма на извршување смртна казна) заради нашите гревови - за ние да можеме да бидеме очистени. Во Библијата читаме: „Зашто Бог толку го засака светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој кој верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.“
Бог ни вели: „Ако ги исповедам нашите гревови, Тој е верен и праведен да ни ги прости гревовите и да нè очисти од секаква неправда.“ (1 Јован 1:9). Бог не само што ни ги простува гревовите, туку и ги заборава и нè очистува.
Бог продолжува да нè љуби без разлика на сè. Често врските завршуваат кога нешто во нив ќе се промени, како што е некој незгода што нанесува повреди или загуба на финансиска позиција. Но Божјата љубов не се заснова на нашиот физички изглед ниту на она кои и што сме. Јасно е дека Бог љубов ја дефинира сосема поинаку од општеството што нè опкружува. Можеш ли да си замислиш една врска со таква љубов? А Бог едноставно ни кажува дека ако само ја побараме Неговата прошка - ќе ни ја даде. Таа е Негов дар за нас. Но ако ние самите го отфрламе тој дар, ние самите се лишуваме себеси од пронаоѓањето на вистинско исполнување, вистинска интимност и вистинска смисла во животот.
Божјата љубов го обезбедува одговорот. Сè што треба да направиме е да одговориме со вера и посветеност. Библијата вели за Исус: „На сите што Го примија, им даде право да се наречат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име“ (Јован 1:12). Бог Го испрати Својот Единороден Син, Исус, да умре наместо нас. Но тоа не е сè. По три дена, Исус воскресна од мртвите. Како Бог, Тој денес е жив и сака да ја излее Неговата љубов во нашите срца. Отако ќе Го примиш Него, ќе бидеш зачуден од тоа што Тој може да го направи во твојот живот и во твоите врски. Божјиот Збор ни вели: „Оној кој верува во Синот (Исус Христос) има вечен живот , но оној кој не Му е послушен на Синот, нема да види живот, туку Божјиот гнев останува над него“ (Јован 3:36). Бог сака ние да имаме живот, не само денес, туку цела вечност. Ако избереме да Го отфрлиме, тогаш сме ја избрале последицата на гревот, којашто е смрт и вечна одвоеност од Него.
Примањето на Исус Христос, и нашата доверба во Него донесуваат рамнотежа во нашите животи. Верата во Бог го ослободува Божјото простување. Нема повеќе криење и нема повеќе скитање по нашите сопствени патишта. Тој е тука до нас. Имаме мир со Него. Откако ќе поверуваме во Него и целосно се потпреме на Него, Тој се вселува во нашите животи и ние имаме интимност-блискост со Него. Неговата прошка е присутна за да нè очисти од најдлабокиот грев, од најдлабоката себичност, од најдлабокиот проблем или битка што некогаш сме ја имале или некогаш ќе ја имаме.
Низ целата Библија, Божјиот став кон сексот е многу јасен. Бог го резервирал сексот за во брак и само за во брак. Не заради тоа што сака да нè направи несреќни, туку затоа што сака да ги заштити нашите срца. Тој сака да изгради безбедна основа за нас, за кога ќе влеземе во брак, интимноста во бракот да може да биде заснована на сигурноста на Божјата љубов и мудрост. Кога ќе Му се доверимe на Исус Христос, Тој ни дава нова љубов и нова сила од ден на ден. Овде ја наоѓаме интимноста што ја баравме. Бог ни дава љубов којашто нема да се откаже и нема да престане додека се нижат годините и се менуваат времињата. Неговата љубов може да спои двајца луѓе, кога Тој е центарот на тоа единство. Во врската додека растете заедно, не само духовно, туку и друштвено, умствено и емоционално - можете да имате искрена, грижлива и интимна врска којашто задоволува и возбудува! И кога ќе се случи врската којашто ќе кулминира во брак, сексуалното обединување може само да ја зацврсти основата којашто е поставена. Ти можеш да Го примиш Христос со вера преку молитва уште веднаш. Молитвата е разговор со Бог. Бог го познава твоето срце и за Него поважен е ставот на срцето, отколку твоите зборови. Подолу е даден предлог како да се молиш:
„Господе Исусе, ми требаш. Јас сум грешен. Те молам прости ми ги моите гревови. Ти благодара, што умте на крстот, ја плати казната за мојот грев и ми прости. Спремен сум со твоја помош да се одвратам од моите гревови. Ја отварам вратата на моето срце и Те примам како мој Господ и Спасител. Преземи ја контролата над мојот живот и направи ме онаков каков што сакаш да бидам. Ти благодарам што ми подари вечен живот.“
Дали оваа молитва го изразува копнежот на твоето срце? Ако е така, тогаш обрати Му се на Бог сега со оваа молитва и Исус ќе влезе во твојот живот како што ветил. Ова ќе биде почеток на едно целоживотно заедништво со Него, кое е станува толку поинтимно, колку што подобро ќе Го запознаваш. А со Него во центарот, твојот живот ќе заземе една целосно поинаква димензија - духовна - која ќе донесе повеќе хармонија и исполнетост во сите твои врски со луѓето.
© 1997 Дик Пурнел (Richard Purnell)