Дома >> Бог? >> Кој

Кој

Се надоврзува на статијата наречена Нeшто.

Постои Вечно Нешто. Нешто отсекогаш постоело. Тоа Нешто нема почеток. Ако тоа Нешто има некакви потреби, тоа може самото да си ги задоволи. Нему не му е потребно ништо друго за да постои. А исто така не може да создаде нешто што би било еднакво или поголемо од себе. Сè што подоцна се создава од Нештото не е вечно. Затоа Вечното Нешто не може да создаде едно друго Вечно Нешто. Тоа секогаш ќе биде поголемо од сè друго што постои или ќе постои.

Дали е можно да има повеќе Вечни Нешта? Можно е. Да претпоставиме дека од почетокот постоеле пет Вечни Нешта. Во тој случај сите пет се исти од аспект на времето и моќта. Никој не ги создал, сите се вечни и можат да направат сè што ќе посакаат. Ова уште еднаш ни покажува дека она што е поважно е квалитетот, а не квантитетот.

Па тогаш што знаеме за тоа (или тие) Вечно Нешто (или Вечни Нешта)? Знаеме дека не е само, бидејќи денес, покрај него постои и нешто друго, како ти на пример. Сега треба да се запрашаш дали ти си тоа Вечно Нешто или едно од повеќето Вечни Нешта. Ако си, тогаш немаш почеток, сите потреби можеш да си ги задоволиш сам и можеш да правиш сè што ќе посакаш. Дали си навистина тоа? Ако не си, тогаш ти си нешто друго, а не Вечното Нешто или едно од нив.

Да се навратиме повторно на нашата голема, црна и празна соба. Но овојпат во собата имаме една молекула водород и една на азот. За да го упростиме примерот, да претпоставиме дека двете молекули се две Вечни Нешта. Тие постоеле отсекогаш. Сè што може да се направи, можат да го направат само тие две Нешта.


И така тие две Нешта одлучуваат да создадат нешто друго, бидејќи тие се единствените Нешта што постојат во собата. Но чекај малку, дали водородот или азотот можат воопшто да одлучуваат? Па, за да бидат Вечни Нешта, тие МОРА да ја имаат способноста да донесуваат одлуки.

Размисли малку за ова. Вечното Нешто мора да одлучи да смени нешто. Вечното Нешто е вечно. Тоа отсекогаш постоело независно од што било друго. Што е уште поважно, единствено Тоа постоело отсекогаш. Што значи тоа? Тоа значи дека ништо не може да се случи без Вечното Нешто.

Вечното Нешто е сè што постои и точка. Затоа единствената работа што може да ја смени осамената состојба на Вечното Нешто е самото Вечно Нешто. Нема друга надворешна сила освен Вечното Нешто, бидејќи тоа е сè што постои.

Според тоа, ако еден молекул на водород и еден молекул на азот се Вечните Нешта, тогаш ниту една надворешна сила не може да влијае на нив, односно да управува со нив. Всушност тие се единствената сила што постои.

Бидејќи се единствената сила што постои, само тие можат да ја променат својата осаменост. Не постои ништо друго што би можело случајно да влијае на нив за да создадат Нешто Друго.


Значи Нешто Друго не може да се создаде по чиста случајност. Зошто? Бидејќи за тоа да се случи, тогаш „Случајноста“ ќе треба да има поголема моќ од молекулите на водород и азот. А веќе рековме дека единственото нешто што постои се само тие две молекули. Сè што може да се создаде или направи, го можат тие две молекули. „Случајноста“ би спаѓало во категоријата Нешто Друго. А Нешто Друго не може да има поголема моќ од Вечното Нешто. Всушност, во оваа фаза, Случајноста не ни постои.

Ако Случајноста е Нешто Друго, односно не е Вечното Нешто, тогаш таа не може да постои сè додека не биде создадена од Вечното Нешто. Дури и да е создадена од Вечното Нешто, Случајноста, бидејќи е Нешто Друго, секогаш ќе биде инфериорна во однос на Вечното Нешто.

Така, ако е создадено Нешто Друго, тогаш тоа е сторено според ВОЛЈАТА и моќта на Вечното Нешто. Нешто друго може да биде создадено од Случајноста само ако таа е создадена пред Нешто Друго. Но Случајноста сама по себе не може да настане случајно. Таа може да настане само како резултат на волјата на Вечното Нешто.

Што ни кажува ова за нашиот пример со молекулите на водородот и азотот? Па тоа дека тие не се само Вечни Нешта, туку и дека се вечни личности, бидејќи имаат волја. Односно, тие мора да ја имаат способноста да одлучуваат, а ако имаат таква способност, тогаш тие имаат личност.


Значи зошто Вечното Нешто мора да ја има способноста да одлучува? Наврати се пак на празната соба во која ги има само молекулите на водород и азот. Тие се Вечните Нешта. Единствено тие постојат во собата, како што отсекогаш и си постоеле.

Тие постојат целосно независни едно од друго. Не им е потребно ништо/никој друг за да опстанат. Затоа, ако создадат Нешто Друго, тоа нема да биде затоа што им е неопходно (како што е инстинктот за преживување кај животните). Понатаму, ако тие Создадат Нешто Друго, тоа нема да биде случајно, освен ако претходно не ја создадат Случајноста. Случајноста е сила, но Вечните Нешта (двете молекули) во моментот се единствената сила што постои.

Исто така, молекулите не можат да бидат како машини. Машините се изградени и програмирани од некаква надворешна сила. Но молекулите (Вечните Нешта) се единствената сила што постои. Не постои ниту една друга сила.

Затоа, ако тие создадат Нешто Друго во собата, причината за тоа мора да се бара во нив, а не во нешто друго, бидејќи рековме дека не постои никаква друга сила во собата освен нив. Тие се единствените Нешта што постојат.

Тие не се присилени да создадат Нешто Друго инстинктивно, случајно или од некоја друга волја или сила. Тие не се контролирани од никој и ништо. Што и да направат, причината за тоа ја знаат само тие.

А причината за тоа произлегува само од нивната волја. Тие мора да одлучат да создадат Нешто Друго, инаку ништо нема да постои. Ако не создадат ништо, тие ќе останат засекога сами во собата, освен ако не одлучат да создадат Нешто Друго. Тие мора да имаат нешто повеќе од само моќ да создадат Нешто Друго. Имено, во одреден момент кој се разликува од сите останати моменти што ги поминале сами, тие мора да одлучат да ја употребат својата моќ да создадат Нешто Друго.

Ако немаат волја (како примерот со тениските топчиња), тогаш нивната моќ никогаш нема да биде употребена за создавање на Нешто Друго. Во тој случај нивната моќ би се користела единствено за нивното понатамошно постоење и тие засекогаш би останале сами.


Вечното Нешто постоело само отсекогаш. За да се промени таквата состојба мора да постои причина што би потекнувала од Вечното Нешто. Ако постои Нешто Друго, постои поради Вечното Нешто, односно затоа што Вечното Нешто одлучило да ја прекине својата осаменост.

Ако причината за Нешто Друго не може да се најде кај Вечното Нешто, тогаш Нешто Друго никогаш нема да постои, бидејќи Вечното Нешто постоело отсекогаш.

Но ние знаеме дека постои Нешто Друго. Затоа Вечното Нешто мора да ја има способната да одлучува за употребата на својата моќ. Мора да ја има способноста да одлучи да создаде Нешто Друго. Бидејќи има волја1, Вечното Нешто има личност. Ова значи дека Вечното Нешто е Вечен Некој.

Овој Вечен Некој не се раководи од инстинктот за преживување, бидејќи нема потреби и не може да престане да постои. Исто така Вечниот Некој не создава по случајност, освен ако претходно не ја создаде Случајноста. Случајноста е сила која мора да биде создадена од Вечното Нешто, инаку нема да постои. И на крај, Вечниот Некој не е машина. Не постои никој друго освен самиот тој, што би го натерал или програмирал да направи нешто.

За да дознаеш повеќе за ова, прочитај Кој - втор дел.

(1) „Достоен си, Господи, Боже наш, да примиш слава и чест и моќ, зашто Ти создаде сè, и поради Твојата волја суштествува и е создадено сè.“ Откровение 4:11


  • Прати ја страната на пријател
  • Како да започнеш лична врска со Бог?


  •  
    Ресурси
    Имаш прашање?
    Имаш прашање?
    Пиши ни.