×
ПРЕБАРАЈ
StudentskiOdgovori.com
Сигурно место за истражување на
 прашања поврзани со Бог и Животот
Постоењето на Бог

Научник презентира доказ за Божјото Постоење

Прочитај повеќе и на следниот пост: Дали постои Бог?

Д-р Френсис Колинс, директор на Проектот за човечки геном. Употребено со дозвола од Veritas Forum (www.Veritas.org).

WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More PDF
 Како да започнеш лична врска со Бог?
 Имам прашање…

Македонски превод на транскриптот на видеото:

Што ако гравитациската константа беше само малку послаба од тоа што е?!

Па, интересно е тоа што, ако беше само еден дел од десет на четиринаеста послаба од нејзината вистинска вредност, тогаш, после Биг Бенг, немаше да има доволно гравитациска сила за да дојде до срастување на ѕвездите, галаксиите, планетите, и живиот свет. Ќе беше бесконечно измешан, стерилен универзум, без можност за ништо слично како животот.

Ако гравитациската константа беше само за малку посилна, тогаш сè ќе се споеше малку пребрзо, и по големата експлозија ќе следеше големо здробување. Не баш убава глетка, бидејќи ни беше потребно времето за да се појави животот, а во тој случај времето немаше да биде опција.

Па така, тука имате доста интересна ситуација, каде оваа константа, која можеше да има каква било друга вредност, ја имаше точната вредност, со многу прецизна толеранција, што го овозможи животот.

И ова е само една од отприлика петнаесетина такви константи, кои, ако се сплеткате со нив, ќе видите дека ќе резултираат во универзум кој нема да може да одржи каква било форма на живот. Не зборувам само за животот каков што ние го познаваме, туку и секаква друга форма што вклучува комплексност.

И сето ова изгледа како неверојатен предизвик за некој кој е тотален атеист. Иако, постои решение и за тоа. И ќе ви кажам кое е.

Всушност, имате две опции тука. Прво, не можете да кажете дека тоа е случајност. Премногу е незамисливо неверојатно дека е случајност. Па така, или постојат бесконечни серии на паралелни универзуми таму некаде, кои ние не можеме да ги измериме, и кои имаат различни вредности на овие константи, а ние се разбира, живееме во еден од нив каде животот е возможен, инаку не би го воделе овој разговор.

Или, ќе мораме да кажеме дека се поставени со цел. Па, која од овие две опции бара повеќе вера?

 Како да започнеш лична врска со Бог?
 Имам прашање…

СПОДЕЛИ ГО ТЕКСТОТ:
WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More