×
ПРЕБАРАЈ
StudentskiOdgovori.com
Сигурно место за истражување на
 прашања поврзани со Бог и Животот
Суштински прашања

Вистинскиот живот

Тројца луѓе споделуваат за тоа каде тие нашле исполнување, прифаќање и цел во вистинскиот живот.

WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More PDF

Дали некогаш си се почувствувал како да постои нешто повеќе од она што е во овој живот? Тоа што следи се едноставни изјави кои нудат свое мислење за вистинскиот живот и улогата на Бог во него.

Исполнетост во животот
од Џон Г. (John G.)

Сигурно си слушнал за човекот чија животна цел била да се искачи на врвот од една планина. Кога стигнал на врвот бил страшно разочаран. Немаше што повеќе да освојува, а и понатаму се чувствуваше неисполнет во животот. Таквото чувство е слично на професионалните фудбалери кои влегуваат во депресија, откако ќе победат во финалето на лигата на шампионите.

И моето искуство од колеџ беше слично. До својата последна година од студиите, го постигнав сè она што луѓето ми велеа дека ќе ме исполни. Бев вклучен во братството и бев водач на неколку студентски организации и групи, учествував на сите забави, имав висок просек, изглегував со кул девојки итн.

Сè што сакав да направам и постигнам ми успеа уште додека бев на колеџ. Но сепак, кога стигнав на „врвот од планината“ и понатаму бев целосно неисполнет. Нешто сеуште недостигаше, а веќе не знаев што друго да направам и не знаев кому да се обратам.

Се разбира, никој не знаеше како се чувствувам, бидејќи не покажував како ми е навистина. Беше иронично, но останатите дечки од братството се угледуваа на мене. Можеби посакуваа живот како мојот. Но тие не знаеја колку неисполнето се чувствував.

Во братството имаше и една друга група. Јас ги нарекував „Библиски морони“. Иако ги исмејував и секогаш барав некоја причина за да ги осудам или обвинам за било што, имаше една работа што не ја разбирав кај нив... изгледаа како ништо да не им фали. Изгледаа како да се исполнети онака како што и јас сакав да бидам. Изгледаа како да ја знаат смислата на животот.

Летото откако дипломирав бев поканет на едно библиско проучување во една црква. Од некоја, за мене непозната причина, отидов. Изгледа дека бев поотворен за духовни работи од вообичаеното. Кога водачот почна да поучува од Библијата, јас бев запрепастен. Си реков: „Еј, па ова и не е толку лошо.“ Навистина бев вчудоневиден од тоа колку Библијата е вистинита и колку е релевантна баш за мојот живот.

Беше како Бог да чука на вратата од моето срце, но јас сеуште не сакав да Го пуштам. Си мислев дека ако го направам тоа, мојот живот ќе се промени, а пријателите ќе ме сметаат за чуден тип. Бев исплашен. Но колку повеќе мислев за тоа, толку повеќе Бог ми помагаше да сфатам дека започнувањето на врска со Него е вистинската работа што треба да ја направам. И така Му реков дека искрено сакам да влезе во мојот живот.

Тоа што потоа се случи е тешко да се опише. Едноставно ќе кажам: Го „сретнав“ Бог. И кога Го сретнав, открив вистинско и целосно исполнување. Чувствував исполнетост како никогаш дотогаш. Како некој празен дел, кој бил скриен длабоко во мојата душа, сега да е исполнет. И од тој момент, исполнетоста е дел од мојот секојдневен живот.

Открив дека моето искуство не е единствено. Исус Христос му го нуди тоа секому кој сака. Тој вели: „Јас Сум Лебот на животот. Кој доаѓа кај Мене нема да огладни и кој верува во Мене нема никогаш да ожедни.“1 Исус ни нуди врска со Него.

Животот и понатаму носи падови и успони, разочарувања и успеси. Но она што на мојот живот му дава значење и задоволство е вистинското исполнување што го имам доживеано преку познавањето на Исус Христос.

Да бидеш прифатен во животот
Од Роберт К. (Robert C.)

Кога бев дете израснав гледајќи ги разните серии како Чарли Браун и други, но најомилена ми беше Волшебникот од Оз.

Можеби и ти се сеќаваш на приказната. Дороти заминува од Канзас и доаѓа во Оз, каде ја победува злобната вештерка и станува позната личност. Сета почит и восхит што ги прима од жителите од Оз не успеваат да ја задоволат нејзината огромна потреба, а тоа е желбата да се врати дома. Но за среќа, во земјата на соништата и тие работи можат да се исполнат. Сè што Дороти треба да направи е да го посети Волшебникот, прекрасниот Волшебник од Оз. И така, таа е на пат со нејзините тројца придружници и сите се многу возбудени што ќе се сретнат со таа голема и важна личност.

Се сеќаваш што се случува после? Наместо љубезен и добар волшебник, Дороти и нејзините пријатели се пречекани од еден гневен и избувлив неранимајко кој сака што побргу да се ослободи од нив. Откако тие ќе ги достават своите барања тој извикува: „Пред да ви ги исполнам желбите, првин мора да се докажете дека го заслужувате тоа.“ И им дава скоро невозможна задача: да ја украдат метлата на злобната вештерка (сестрата на вештерката што Дороти претходно ја победи).

Толку од „Прекрасниот“ Волшебник од Оз.

На големо изненадување на Волшебникот, Дороти се враќа со метлата. Волшебникот се однесува тотално незаинтересирано, како тоа да не е голема работа и се обидува да се ослободи од нив. Но додека го изнесуваат својот случај пред него, нешто многу интересно се случува. Тото (кучето на Дороти) намирисува нешто чудно и открива една завеса во аголот од собата. Тој ја повлекува завесата и се открива еден стар човек кој воопшто не е никаков Волшебник.

Кога бев дете, за мене Бог беше нешто слично како Волшебникот од Оз. Си мислев дека Тој е злобен, избувлив и дека не знае скоро ништо за мене. Впечатокот што го добив за Него од црква е дека Тој е далечен, од друг свет и недостижен. Неговата смрт на крстот ја разбирав како жртва што Тој ја дал неволно. Мислев дека Нему Му е важно колку добро се однесувам и колку добро ќе успеам да се придржувам до Неговите стандарди. Мислев дека првин треба да се докажам за да ме прифати. Од ова што го кажав, може да си претпоставиш дека за мене Бог не беше нешто кој знае што. Прекрасен не е збор што би го употребил за да Го опишам.

Но, сето тоа се смени кога се запишав на колеџ. Завесата беше тргната. За прв пат во мојот живот некој ми покажа во Библијата кој е Бог (отсекогаш мислев дека е некаков злобен волшебник) навистина. Тој не беше гневен и злобен, како што јас Го замислував, туку токму спротивното. Тој е сочувствителен, полн со љубов и знае дека не можам да водам совршен живот, ниту пак да се придржувам во целост до Неговите стандарди. Поради Неговата огромна љубов, Тој постана совршениот човек и ги исполни условите наместо мене.

Научив дека Исус Христос не е пример за мене, туку Тој е мојата замена. Не треба да подлежам на страдањето што Тој го доживеа, туку треба да извлечам корист од тоа. Во Неговата смрт на крстот (за која открив дека тој се даде Себеси доброволно) беа осудени мојот грев и сите мои неуспеси. На крстот Бог ја покажа Неговата огромна љубов кон мене. На крстот Тој ми покажа колку добро ме знае. Тоа е местото каде Тој ме прифати. Библијата вели: „Оној (Исус) Кој не знаеше за грев, Бог Го направи грев заради нас, за да станеме Божја праведност во Него.“2

Открив дека вистинска прифатеност има само ако позади завесата е вистинската личност, односно Исус. Те предизвикувам да ја повлечеш завесата и самиот да Го откриеш. Размисли што ти нуди. Тој нуди прошка и прифаќање таков каков што си.

Цел во животот
Од Мерилин А. (Marilyn A.)

Отсекогаш сум мислела дека животот треба да има цел и значење, но тоа не значи дека треба да се биде нонстоп сериозен. На сите нам ни е потребно време кога едноставно ќе ни биде убаво.

Но животот треба да биде нешто повеќе од само исполнување со разни задоволства, делумно затоа што уживањето не трае. Уживаш во нешто еден момент, а веќе во следниот не си задоволен. Авторот Рави Захарија (Ravi Zacharias) добро има кажано: „Ако нема поголема цел во животот, тогаш тој нема движечка сила во себе, ниту пак објаснување зошто постои животот.“

Со години ги проучував филозофиите на Достоевски, Сартр, Ниче, Сократ и многу други за да ја најдам целта што ќе ме мотивира во животот. На секои две - три недели ќе испробував некоја нова филозофија за да видам дали ќе успее. Но открив дека овие филозофии разочаруваат кога ќе се применат во вистинскиот живот. И така, мојата потрага продолжи понатаму.

Кореспондентот по меѓународни прашања за списанието Тајм (TIME), д-р Дејвид Ајкман (David Aikman), има дадено поинакво размислување за оваа тема. Тој има две магистерски титули, експерт е за руска и кинеска историја и за комунистички работи, има работено во преку 30 земји, зборува течно 6 јазика и е сериозен мислител за работи поврзани со животот. Тој го има кажано следново: „Секој од нас има цел, причина зошто е овде, која никој друг не може да ти ја каже, но може да ја откриеш од Бог.“ Д-р Ајкман препорачува да се започне врска со Исус Христос.

Еве дел од тоа што го има кажано: „Кога ги слушнав зборовите на Исус (од Библијата), како да ми зборуваше директно во срцето: 'Јас Сум патот до вистинскиот живот. Ако Ме следиш и го правиш тоа што го велам, твојот живот ќе се промени.'“ Потоа д-р Ајкман зборува за првиот чекор во започнувањето на врската со Христос, кој се состои од тоа да Го поканиш да влезе во твојот живот. На крајот тој заклучува: „Слободно можам да ветам... дека секој што ќе го направи овој прв чекор кон Исус Христос ќе има многу возбудлив и исполнет живот.“

Исто како д-р Ајкман и јас бев атеист. Исто како него, така и јас мислев дека изјавите на Исус се единствени и уникатни. Кога Исус поучуваше, Тој секогаш посочуваше кон Себе, а не кон други. Исус рече дека може да ни ги прости гревовите, да ни даде внатрешен мир среде тешки околности и да нè доведе до живот полн со слобода.

Одлучив дека ако навистина постои Бог, морам да Го знам. Но сеуште бев скептична. И понатаму дебатирав со христијаните што ги знаев. Сакав некој да ми докаже дека Исус е Бог. Еден ден сериозно и искрено ги разгледував докази за постоењето на Бог и божественоста на Исус и морам да кажам дека се шокирав кога открив дека има многу логични и историски факти. Знаев дека во тој момент мора да донесам одлука. Дали да Го поканам во мојот живот за да го води според Неговата волја или да го затворам ова поглавје за Бог од мојот живот еднаш засекогаш?

Откако ги разгледав конкретните и интелектуалните причини зошто да верувам во Исус, се одлучив и Го поканив Исус да влезе во мојот живот. Тој ден, мојата потрага по цел и значење во животот заврши.

Бев запрепастена од помислата дека може да имам врска со Бог. Разговарав со Него и преку разни промени во околностите, Тој ми кажа дека ме слуша. Тој ме водеше по разните патеки во кариерата кои беа толку отворени и возбудливи што не ни можев да замислам. Му поставував прашања и Тој ме водеше до соодветните одговори во Библијата.

Овие работи не се случија во еден неодреден ден. Туку преку мојата двонасочна врска со Бог во која навистина уживам. Тие работи не се остварија затоа што станав светица, туку затоа што Исус Христос влезе во мојот живот и ќе влезе во животот на секого што искрено сака да Го знае и да Го следи.

Кога човек Го следи Бог се јавува длабока радост и уживање. Единствено познавањето на Исус Христос ми ја даде вистинската цел во животот.

Во вистинскиот живот...

Вистинскиот живот е живот исполнет со потполност, прифаќање и цел. Овие работи можат да се постигнат само ако имаш врска со Исус Христос. Ниту еден човек во историјата на човештвото не ги дал тврдењата и изјавите што Исус ги дал и згора на тоа, ги поткрепил со докази. Тој тврдеше дека е Бог, дека може да проштева гревови и дека е единствениот пат до Бог Таткото. Исус ги поткрепи овие изјави со Неговото воскресение од мртвите. Навистина, нема, немало, ниту ќе има некој како Него. Тој е многу повеќе од само голем учител.

Библијата вели дека Исус е Бог кој постана човек: „И Словото стана тело кое се всели меѓу нас.“3 Тој е „одраз на Неговото (Божјото) битие.“4 На кратко кажано, Исус Христос Го откри Бог Онаков Каков што е. Како тогаш да ја започнеме врската со Него?

Врската со Бог не започнува така што ќе се трудиме да бидеме подобри личности. Бог не сака да водиме живот во кој ние ќе се обидуваме со сите сили да ја придобиеме Неговата наклоност. Дали си пробал да придобиеш нечија наклоност досега? Воопшто не е забавно.

Божјата љубов спрема нас е толку голема што Тој го обезбеди начинот како да дојдеме до Него. Но има еден проблем. Она што се испречува помеѓу нас и поврзувањето со Бог е нашиот грев (нашата себичност и егоизам изразени преку нашиот гнев, алчност, нетрпеливост, зли помисли итн.). Ако некогаш си се прашувал зошто твоите молитви не стигнуваат до Бог, ете зошто. Нашиот грев нè одвојува од Бог, Кој е свет.

Што сторил Бог за да имаме врска со Него? Исус Христос (Бог во тело) го зеде на Себе сиот наш грев и доброволно умре на крстот. Тој го стори тоа за да ни биде потполно простено, за да може да бидеме целосно прифатени од Него.

Овој проблем ќе го ислустрирам со еден студент кој е обвинет за некое недело. Судијата го осудува на 30 дена затвор или парична казна од милион денари. Студентот не може да си го дозволи ни едното, ни другото. Судијата, знаејќи го тоа, ја соблекува својата тога, пристапува до благајникот и ја плаќа казната. Зошто? Затоа што како судија, тој не може да премине преку извршениот престап. Но бидејќи е татко на студентот, тој избра да ја плати казната наместо него.

Токму тоа го има сторено и Исус за секој еден од нас кога умре на крстот. Тој се даде Себеси како совршената жртва на наше место, откако беше измачуван, понижен, камшикуван и распнат. Сега Тој бара од нас да ја прифатиме Неговата жртва така што ќе Го поканиме да влезе во нашите животи.

Како може да имаш вистински живот

Бог сака да Го знаеме и да ја доживееме Неговата љубов, радост и мир. Кога Го покануваме да влезе во нашите животи, ја примаме Неговата прошка и ја започнуваме врската со Него која ќе трае вечно. Исус вели: „Еве, стојам пред вратата (на твоето срце) и чукам; ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам кај него (или неа).“5

Ако ова е желбата на твоето срце, еве еден пример за молитва (не е важно со какви зборови ќе се помолиш, поважен е ставот на твоето срце):

Господе, исповедам дека згрешив против Тебе. Ти благодарам што го зеде сиот мој грев врз Себе на крстот. Сакам да ја примам Твојата прошка. Сакам да ја започнам врската со Тебе. Те поканувам да влезеш во мојот живот како Спасител и Господ. Те молам, дај ми го вистинскиот живот кој е можен само преку Тебе.

Од Библијата...

„Кој Го има Синот, го има тој живот; кој Го нема Божјиот Син, го нема тој живот“ (1 Јован 5:12).

„А на сите што Го примија, им даде право да станат Божји деца - на оние кои веруваат во Неговото име“ (Јован 1:12).

„Зашто Бог толку го засака светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој кој верува во него да не загине, туку да има вече живот“ (Јован 3:16).

„Зашто по благодат сте спасени, преку вера, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не е од делата за да не се фали некој“ (Ефешаните 2:8-9).

„И така, ако некој е во Христос, тој е ново создание; старото помина, еве сè стана ново“ (2 Коринќаните 5:17).

„А ова е вечен живот: да Те познаат Тебе, единствениот вистинит Бог, и Исус Христос, Кого Го испрати“ (Јован 17:3).

 Јас тукушто Го примив Исус во мојот живот (следуваат некои информации што ќе ти бидат од помош)…
 Можеби сакам да Го поканам Исус во мојот живот, (те молам објасни ми како да го направам тоа…)
 Имам прашање…

Фусноти: (1) Јован 6:35. (2) 2 Коринќаните 5:21. (3) Јован 1:14. (4) Евреите 1:3. (5) Откровение 3:20.


СПОДЕЛИ ГО ТЕКСТОТ:
WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More