×
ПРЕБАРАЈ
StudentskiOdgovori.com
Сигурно место за истражување на
 прашања поврзани со Бог и Животот
Живот и врски

Што да правам кога се чувствувам осамено?

Наместо да ги криеме нашите чувства, еве што треба да направиме кога се чувствуваме осамено…

WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More PDF

Од Ешлин Ситз

Сум се чувствувала осамено, додека седам во колата на црвено светло, со прозорите отворени, и радиото пуштено до максимум. Сум се чувствувала осамено и во соба полна со луѓе, иако сум опкружена од смеата на пријателите. Сум се чувствувала осамено во ноќта, во моите соништа, а и кога се будам во темнината.

Осаменост... познато чувство на сите нас.

Чувството на осаменост може да се претвори во страв од осаменост. Стравот од осаменост може да се претвори во негирање на осаменоста. Праќаш по 1 000 пораки на ден, се препушташ на алкохолот или видео игрите, излегуваш и поминуваш време со луѓе кои не ги познаваш - сето ова, бидејќи не сакаш да бидеш сам во светот дури и за неколку минути. Или пак, можеби го правиш сосема спротивното - се затвораш во соба и го игнорираш светот целосно за да избегнеш контакт со луѓето. Кога веќе еднаш ќе се почувствуваш осамено, невозможно е да излезеш од таа состојба, затоа што ти си… сам.

Една изрека вели, “Срцето ја познава својата душевна мака, и неговата радост не може да ја дели никој друг.” (Изреки 14:10) Сите ние сме всушност уникатни човечки битија, и иако можеме да се разбереме едни со други до одреден степен, сепак не можеме тоа да го сториме 100%. Никој не може целосно да разбере како е да си ти. Без разлика како ти одговараш на тоа, осаменоста може да биде голем, болен проблем за сите.

Што предизвикува осаменост?

Дали некогаш си се запрашал за што сме создадени? Библијата објаснува дека Бог нè поврзува со цел комуникација и заедништо. Често пати ги идеализираме романтичните врски, дури и пријателства, мислејќи дека ако ја пронајдеме вистинската личност, ние никогаш повеќе нема да бидеме осамени. Но, осаменоста може да биде присутна дури и кај среќно венчани маж и жена. Не само што ние сме поврзани со цел комуникација со други луѓе, ние сме поврзани за комуникација и со Бог. Дури ни богатството, нашите достигнувања, и честа не се доволни да ни ја оттргнат осаменоста. Поп културата е полна со примери: неочекуван развод, самоубиства, и користење на дрога ја онечистуваат сликата за Холивуд. Има и случки во Библијата што зборуваат за луѓе кои имале сè и пак се чувствувале осамени и за луѓе кои немале ништо, но го пронашле она што им треба приоѓајќи му на Бог.

Соломон беше Израелски цар на кого Бог му даде огромна мудрост. Тој буквално имаше сè: купишта злато, огромна палата, и стотици жени и љубовници. Ќе си помислиш дека Соломон би требало да биде најзадоволниот човек на земјата! Сепак, тој напиша книга за тоа колку е бесмислен животот: ”А тогаш ги разгледав сите мои дела, сите напори што ги вложив да дојдам до нив - и ете, сè е тоа суета и гониветер! И нема полза под сонцето.” (Проповедник 2:11) Можеш да ја слушнеш неговата осаменост и очај во неговиот говор!

Во споредба, еден ден додека Исус одеше низ градот, го сретна еден лепрозен човек. Лепрозата била 10 пати пострашна во минатото отколку денес; луѓето биле преплашени да не се разболат од истата. Лепрозните луѓе биле аутсајдери и отфрлани, често пати напуштани од пријателите и семејството и приморани да просат на крајот од улиците за да имаат нешто да јадат. Замисли го овој лепрозен човек како седи во прашина и ѓубре, игнориран од сите што го разминале. Немал на кого да се обрати и бил за греота. Сепак, станал, му пришол на Исус, паднал пред неговите колена на улицата, и побарал да биде исцелуван. Исус го допрел лепрозниот човекот (кој најверојатно не бил допрен од друг човек со години) и го излекувал. Тој веќе социјално-прифатен човек толку бил радосен што одел наоколу, кажувајќи им на сите за тоа што му се случи, иако Исус му го кажа спротивното. Неговиот живот наеднаш имаше смисла и му се врати радоста, и покрај фактот што тој сеуште намеше никого и ништо. Што го промени светот на овој поранешен аутсајдер? Само една кратка интеракција со Исус.

Не сме создадени да се чувствуваме осамено

Ние сме создадени да имаме врска со Бог.

Тоа е тоа што може да нè извади од осаменостa, бидејќи сме создадени за да бидеме поврзани со Него. Таа една интеракција со Господ Исус донесе значење, удобност и радост во животот на лепрозниот човек, додека сиот накит, злато и сите жени на светот не му донесоа вредност во животот на Соломон. Личната врска со Бог менува се; тоа е одговорот на нашиот проблем со осаменоста.

Со ова кажано, дали таа врска со Бог ќе нè заштити од чувството на осаменост до крајот на нашите животи? Не. Едноставно кажано, системот е скршен. Тоа е комплицирана приказна за која ти можеш да научиш повеќе тука. Но нашиот свет е грешно место. Ние сме одвоени од Бог заради нашиот грев, и нашата желба да живееме далеку од Бог. Во овој свет, не можеме да го искусиме животот на правилниот начин; без осаменост, зло, тага или страв.

Што понатаму?

И покрај фактот што осаменоста е реалност за секое човечко битие за која нема инстант лек, постојат две нешта кои можат да ти помогнат овде и сега:

Заедништво: како да се справиме со осаменоста

Поради тоа што бевме создадени за поврзаност - врски, голем дел од справувањето со осаменоста е да бидеш дел од заедништво. Ниту еден пријател не може да те спаси од тоа чувство на осаменост, но кога имаш луѓе околу тебе кои се грижат за тебе таков каков што си (не заради твоето тело, вештини, пари, или капацитет на пиење алкохол) може да ти помогне да видиш дека ти и не си баш сам.

Всушност, науката вели вака: колку повеќе пријатели имаш и колку повеќе си поврзан, толку подобро е за твоето здравје. Сè што треба да направиш е да изгуглаш: ”придобивки за здравјето од пријателствата”. Брен Браун, истражувач и експерт за човековата интеракција, вака објаснува: ”Јас ја дефинирам поврзаноста како енергија што постои помеѓу луѓето кога тие се чувствуваат видено, слушнато и вреднувано; кога тие можат да даваат и да примаат без осуда; и кога можат да одржат и зајакнат врската”. Споделување на твојот живот со луѓе кои те сакаат ти помага да погледнеш надвор од твојата перспектива и дава значење на твојот живот на кое можеш да го сетиш во моменти на осаменост.

Некој кој ја разбира твојата осаменост

Понекогаш е тешко да се разбере како верата во Бог што не го гледаш, може да ти помогне да се чувствуваш помалку осамено во петок навечер. Но Библијата вели дека Бог никогаш нема да ги напушти своите деца, и Тој е блиску до тие кои го повикуваат Неговото Име. Бог те сака и копнее да биде поврзан со тебе. Тој сака ти да дојдеш кај Него кога се чувствуваш осамено!

И не само тоа, тој те разбира. Кога Исус преживуваше најлошите часови од својот живот и пред да биде распнат, неговите пријатели го напуштија и дури се правеа дека не го познаваат. Исус знае како е да се биде осамен човек. Библијата вели: ”Господ е близу до оние што се со скрушени срца, и ги спасува оние, што се со покајнички дух.” (Псалми 34:18)

Какво би било чувството да знаеш дека и во твоите најдлабоки моменти на осаменост не си сам?

Господ кој те создаде е со тебе и Тој нема никогаш да те напушти!

Ти можеш да го искусиш тоа

Гревот кој нè оддели од животот во свет без осаменост е истото а одвоеност. Бог го прати Исус на земјата за да ја обнови врската со Него - Библијата вели дека Исус дојде да ги зацврсти скршените по срце. Исус, Совршениот Божји Син, умре за твоите гревови за ти да бидеш чист како лепрозниот човек; ти повеќе не си аутсајдер или напуштен, туку си дете Божјо. Тим Келер, пастор и автор, кажува како нè гледа Бог: што нè одвојува од Бог сега. Без разлика на тоа колку си добар или колку многу се трудиш, не можеш да ја надминеш та”Единствените очи во универзумот кои можат да те видат до дното, те сакаат до небo”. Бог ги гледа твоите најлоши моменти ама и те сака исто; Тој сака да дојдеш кај Него.

Дали би сакал да бидеш поврзан со Бог и да му дозволиш да ти помогне во твоите моменти на осаменост? Тоа можеш да го направиш и во овој момент, верувајќи Му и прифаќајќи го Него во твојот живот преку молитва, која всушност е разговор со Бог. Бог те познава тебе и твоето срце, така што зборовите не се толку важни, колку што е важен ставот со кој ти ги изговараш истите. Еве една предлог молитва:

Господе Исус, сакам да те запознаам лично. Ти благодарам што умре на крстот за моите гревови. Јас ја отворам вратата на мојот живот на тебе и те поканувам да дојдеш како мој Спасител и Господ. Превземи ја контролата на мојот живот. Ти благодарам што ми даваш вечен живот. Ти благодарам што си со мене и што велиш дека никогаш нема да ме напуштиш. Те молам помогни ми да го чувствувам твоето присуство.

 Јас тукушто Го примив Исус во мојот живот (следуваат некои информации што ќе ти бидат од помош)…
 Можеби сакам да Го поканам Исус во мојот живот, (те молам објасни ми како да го направам тоа…)
 Имам прашање…

СПОДЕЛИ ГО ТЕКСТОТ:
WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More PDF