×
ПРЕБАРАЈ
StudentskiOdgovori.com
Сигурно место за истражување на
 прашања поврзани со Бог и Животот

Духовна авантура, пакет - # 1

Здраво!

Добредојдовте! Ви благодарам што се регистриравте. Мислам дека ова ќе ви се допадне.

Кога бев атеистка, не постоеше ништо помистериозно за мене од ова: „Да се верува во Бог“.

Се прашував: „Како може еден рационален човек,воопшто,да почне да верува во Бог?“

Дали нешто се случува во личноста? Дали се поттикнати од некоја криза, поради која се присилени да веруваат... немаат друг избор?

Или можеби не се работи за ништо драматично. Можеби на некои луѓе им е лесно да веруваат во Бог, без да бараат некоја посебна причина за тоа.

Проблемот беше што јас сум тип што многу анализира и имав еден куп прашања кои не можев само да ги потиснам.

Што е, пак, со тебе? Можеби сакаш да веруваш во Бог, да бидеш поврзан со Него на личен начин... но се плашиш дека ќе бидеш измамен?

Јас бев преплашена од идејата да се доближам до Бог и да дознаам дека нема ништо посебно во тоа – па преминав во апсурдност и неверие осудено на пропаст.

Не, благодарам.

Но,зошто воопшто ми беше грижа за тоа?

Затоа што бев импресионирана од една моја пријателка која постојано беше љубезна кон другите, паметна, и имаше јасна цел во животот. И за сето тоа, таа велеше дека е заслужен Бог.

Тоа ме натера да почнам да се прашувам: „Зар може Бог да биде реален?“

На почетокот од ова истражување, сакам да разјаснам неколку погрешни сфаќања.

1. Си мислиш ли дека Бог е резервиран и не му е премногу грижа за тебе? Во оваа серија, ќе типокажам, зошто никој не може да те сака и вистински да те познава, или да сака да гради однос со тебе, повеќе од Бог. Почекај и ќе видиш!

2. Можеби се надевашдека еден ден ќе бидеш толку многу убеден, толку многу преплавен од показателите кои укажуваат на тоа дека Бог е реален, така што ќе немашдруг избор освен да веруваш. Не сакам да ти го кажам ова, но,најверојатно,тоа никогаш нема да се случи.

Никој, дури ни јас самата не сум 100 % сигурна дека Бог постои. (Тој е невидлив, знаеш?!) Бог те вика да дојдеш кај  Него, но никогаш нема да те преплави со сила, само за да те натера да веруваш.Ако чекаш да го стори тоа, со среќа!

3. Верата во Бог не е нешто што го поседуваме, ниту е искуство. Всушност тоа е одлука која ја донесуваш сам/а. Се темели на причини, факти и желба, како и поголемиот дел од животните одлуки кои ги носиме.

Се качувашна авион, верувајќи дека пилотот е трезен, дека целата апаратура функционира, но никогаш не можеш да бидеш 100% сигурен во тоа. Сепак, одлучувашда се качиш.

Или пак, бракот? Од сите луѓе со кои можеш да бидеш во брак, можеш ли да бидеш 100% сигурен/на дека токму таа личност е вистинската со која треба да стапиш во брак? Дека ќе тибиде верна? Дека нема да те убие на вашиот меден месец? Не! Но, имаш причини да веруваш дека тоа е добра одлука, во спротивно не би стапувал/а во брак.

На ист начин, ќе ги погледнеме причините кои укажуваат на постоењето, како и на карактерот на Бог. Исто така, ќе ги погледнеме и причините кои зборуваат против Бог (има и такви!) И ќе погледнеме некои валидни причини, зошто да го поканиме или да не го поканиме во нашиот живот?

Некои луѓе повеќе сакаат само да си претпоставуваат и да си филозофираат за Бог, и никогаш не застануваат на ништо цврсто. Никогаш не донесуваат одлука. Но, што ако е важно да се качиш во авионот?

Во следната е-пошта, ќе почнеме да ги разгледуваме специфичните, конкретните показатели кои упатуваат на Бог.

Останете во тек со ова! Јас сум со вас додека минувате низ ова истражување!

Мерилин Адамсон

Директор на EveryStudent.com

Повеќе:
Духовна авантура, пакет - # 1
Духовна авантура, пакет - # 2
Духовна авантура, пакет - # 3
Духовна авантура, пакет - # 4
Духовна авантура, пакет - # 5
Духовна авантура, пакет - # 6
Духовна авантура, пакет - # 7


СПОДЕЛИ ГО ТЕКСТОТ:
WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More