×
ПРЕБАРАЈ
StudentskiOdgovori.com
Сигурно место за истражување на
 прашања поврзани со Бог и Животот

Духовна авантура, пакет - # 7

Здраво!

Ова е последната е-пошта од оваа серија, „Пакети – Духовна авантура“.

Се надевам дека ова ви беше од корист. (Особено се надевам дека не го прескокнавте пакетот #6, зашто е многу важен.)

Во оваа е-пошта сакам да опишам, што е она што Бог ти го нуди. И што би можело да значи тоа за тебе, ако го прифатиш.

Кога бев атеистка, се сеќавам, мојата пријателка велеше дека рајот е бесплатен дар. Веднаш почнав да и поставувам тешки прашања во врска со тоа.

„АКО постои Бог, рајот сигурно ͈не̎би бил бесплатен дар“.

Бев толку самоуверена! А што знаев јас?! Јас не ни верував дека Тој постои, а сепак се расправав за Неговите принципи.

Значи, повторно, треба да видиме што ни кажува Бог. Ќе набројам неколку нешта кои Тој ни ги нуди. Спремни?

+ Можеме да бидеме целосно прифатени од Бог, сите наши гревови (минати, сегашни и идни) можат да ни бидат целосно простени, поради Исусовата смрт на крстот за нас. Тој плати за сите наши гревови. Не постои повеќе пречка меѓу нас и Бог.

+ Нема да бидеме повеќе под Божјата осуда, напротив, ќе почнеме да градиме однос со Него, кој ќе трае вечно. (Мојата пријателка беше во право. Односот со Бог и вечниот живот се бесплатни дарови кои Тој ни ги нуди).

+ Нема да го живееме овој живот сами. Тој вели: „никогаш нема да те заборавам, ниту ќе те оставам“.

+ Нема „да одиме во темнина, а ќе ја имаме Светлината во животот“.

+ Можеме да го искусиме Неговиот мир над и повеќе од она што околностите ни нудат.

+ Можеме да му се молиме на Бог, да знаеме дека нè слуша, и да видиме како Бог прави нешто во врска со тоа.

+ Тој може да нè води и да гледаме како делуваво нашите животи за да станеме подобри личности од тоа што сме кога живееме без Него. Исто како што секој значаен однос влијае на нас, така и познавањето на Бог нè менува.

+ Можеме да ја искусиме Неговата љубов на многу личен начин.

И уште многу други нешта, но овие се добри за почеток. Ова ви го нуди Бог.

А сега, неколку нешта што го демантираат ова.

Не сакам да добиете впечаток од ова, дека животот станува лесен и дека на тој начин ќе ги избегнете проблемите, кризите, главоболките, болката. Нема!

Исто така, нема одеднаш да станете свети и безгрешни. Сè уште ќе чекорите низ животот одлучувајќи да си работите по свое, дури и кога тоа е во спротивност со она што Бог сака да го правите. И понатаму ќе бидете слободни да одберете како ќе размислувате, што ќе чувствувате, и како ќе делувате.

Сепак, со текот на времето, како што го запознавате Бог подобро и поминувате време слушајќи го што ви кажува, вашата перспектива ќе се менува, вашите вредности ќе се менуваат и ќе откриете нов поттик да живеете на начин кој му е угоден Нему.

Исто како и сега, кога не сте присилени да Му верувате, имате слобода да одберете дали ќе Му верувате за вашиот живот или не.

Кога запознаваш некого сè повеќе, ако е доверлива личност, ù веруваш уште повеќе. Бог е секогаш доверлив, затоа и вашата доверба кон Него најверојатно уште повеќе ќе се зголемува.

Ок, веројатно ова ви се доволно информации засега. Бог ви нуди неизмерно повеќе. Сега сфаќате, зошто ви реков дека верата во Бог првенствено е одлука.

Вие мора да одлучите дали сакате да градите однос со Бог.

Дали сакате да биде дел од вашиот живот? Дали сакате да биде ваш Бог?

Ако одговорот е ͈да̎можете да почнете да градите однос со Него уште сега.

Еве како:
https://www.studentskiodgovori.com/a/zapoznaj401.html

Искрено се надевам дека ќе го поканите да дојде во вашиот живот. Тоа е најважната одлука која можете да ја донесете.

Уште еднаш ви благодарам што останавте со мене низ овие „пакети – Духовна авантура“.

Ако имате некои прашања кои би сакале да ги поставите, можете да пишете на оваа е-адреса, и некој лично ќе ви одговори: https://www.studentskiodgovori.com/kontakti.html

Чувајте се!

Мерилин Адамсон

Директор на EveryStudent.com

Повеќе:
Духовна авантура, пакет - # 1
Духовна авантура, пакет - # 2
Духовна авантура, пакет - # 3
Духовна авантура, пакет - # 4
Духовна авантура, пакет - # 5
Духовна авантура, пакет - # 6
Духовна авантура, пакет - # 7


СПОДЕЛИ ГО ТЕКСТОТ:
WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More