×
ПРЕБАРАЈ
StudentskiOdgovori.com
Сигурно место за истражување на
 прашања поврзани со Бог и Животот

Духовна авантура, пакет - # 2

Здраво!

Веќе спомнав дека се работи за одлука, кога зборуваме за тоа дали да веруваме во Бог или не.

И, никогаш не можете да бидете 100% сигурни… но врз основа на фактите можете да бидете доволно убедени.

Еве неколку основни правила.

Некои луѓе сакаат да си играат со ͈можностите̎. Така се чувствуваат посигурно. Имаат повеќе простор да се извлечат од тесно, да рационализираат. „Па, можно е дека…“.

Јас би сакала да ја разгледаме реалноста и веројатностите. Мислам дека тоа има повеќе смисла. Еве една добра илустрација која ја презедов од некого…

Еден затвореник,со врзани очи,бил донесен пред една екипа од 17 вооружени луѓе кои требало да го егзекутираат. Кога се слушнало – на место, нишани, пукај – сите 17 нанишаниле со пушките и испукале вистински куршуми. Човекот останал недопрен.

Значи, можно е дека ниту еден од овие стрелци да не го погодил. Но,најверојатно било наместено. Во што ќе веруваш ти?

Сфаќате што сакам да кажам?

Кога се работи за показателите кои упатуваат на Бог, некои скептици сакаат да живеат во земјата на можностите. И имаат право да одлучат што ќе прават.

Сепак, потребна е голема имагинација за да се прави тоа често.

Показателите можеби упатуваат на еден, натприроден Создател. Можеби тоа изгледа како најверојатно објаснување.

Но,некои сепак прибегнуваат кон можностите. И морам да кажам… можности кои не се поткрепени со показатели.

Ми се допаѓа ова размислување: „Па, можеби сме создадени од вонземјани!“

И признавам, можно е!

Но,не е многу веројатно. Еве зошто! Дури и ако мислиш дека сме дошле на планетата Земја преку вонземјани…  од каде пак дошле тие паметни вонземјани?

Сепак, тоа не го занемарува постоењето на еден вечен, натприроден Создател.

Зошто постојано велам:„еден“ Создател? Затоа што науката покажува дека сè што постои, дури и самото време и просторот, потекнуваат од еден извор. Ајде да погледнеме:

https://www.studentskiodgovori.com/a/bog-sozdade-univerzum.html

Во следната е-пошта, во „пакетот – Духовна авантура“, ќе ви дадам еден куп показатели кои упатуваат на Бог… фактите кои ме натераа да му кажам гласно на Бог: „Ок, ти победи!“

Исто така, ќе ви кажам и што направи Тој во мојот живот после тоа.

Наскоро,повторно ќе разговараме!

Мерилин Адамсон

Директор на EveryStudent.com

Повеќе:
Духовна авантура, пакет - # 1
Духовна авантура, пакет - # 2
Духовна авантура, пакет - # 3
Духовна авантура, пакет - # 4
Духовна авантура, пакет - # 5
Духовна авантура, пакет - # 6
Духовна авантура, пакет - # 7


СПОДЕЛИ ГО ТЕКСТОТ:
WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More