×
ПРЕБАРАЈ
StudentskiOdgovori.com
Сигурно место за истражување на
 прашања поврзани со Бог и Животот

Духовна авантура, пакет - # 6

Здраво!

Кога сфатив дека показателите укажуваат на тоа дека Бог постои, следното мое прашање беше... кој Бог?

Во оваа серија, сакам да се држам понастрана од религијата. Морам да кажам дека моето истражување беше насочено кон објективните показатели, на кои начини Бог Самиот се објавил Себеси.

Сè досега се чини укажуваше на тоа, дека Бог сака ние да имаме свои цврсти причини, кои ќе нè поттикнуваат да веруваме во Него.

Кога се работи за Исус, постојат многу историски и логички причини да веруваме во Него, кои не се совпаѓаат со никој друг, ниту пак со некој систем на верување.

Би сакала да се фокусираме на тие показатели за Исус, но прво да разјаснам неколку збунувачки моменти.

Исус не дојде пред 2000 години. Тој не беше човек кој стана Бог. Тој беше Бог кој стана Човек.

Еве што сакам да кажам. Постои само еден Бог. Но, уште на самиот почеток на Библијата, гледаме како Бог зборува за Себе во множина: „Да создадеме човек според Нашиот образ, според Нашето подобие“.

За Исус се зборува низ целиот Стар Завет (еврејската Библија), како за Христос, Месијата, Откупителот.

Во Хендловиот ораториум „Месија“, кој се пее на Божиќ, Хендл цитира од книгата Исаија, напишана 700 години пред доаѓањето на Исус, и вели:

„Зашто дете ни се роди – Син ни се даде; ... и ќе Го наречат: Чудесен Советник, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот“.

Не очекувам дека ќе ве убедам со ова во нешто. Само го спомнувам, за да сфатите дека Исус не е нова религија, една од многуте религии.

Всушност, Тој не ни сакаше да поставува каква било религија. Тој кажуваше нешта многу поголеми од тоа.

Јован му беше близок пријател на Исус. Постојано се дружеше со него неколку години. Тој напиша биографија за Исус и во неа, ова се вели за Него: „(Тој) беше Бог. Тој беше на почетокот со Бог. Сите нешта беа создадени преку Него“.

Зошто Јован би напишал вакво нешто? Затоа што тоа Исус го кажа за Самиот Себе и го поткрепи со докази.

Еве неколку причини да верувате во Исус:
https://www.studentskiodgovori.com/a/vera201.html

Во следната и последна е-пошта... што Бог конкретно ти нуди на тебе, и како можеш да почнешда го запознавашлично.

Речиси сме на крајот. Додека поминуваш низ ова, се надевам дека ќе одвоиш време да го замолиш Бог вака: „Покажи ми која е вистината за Тебе“.

Тој одговара на вакви молитви.

Мерилин Адамсон

Директор на EveryStudent.com

П.С. Не можете да сфатите како Исус и Таткото не се два Бога, туку само еден? Ова може да ви помогне:  https://www.studentskiodgovori.com/a/objasnuvate709.html

А, дали сакате да ја прочитате Јовановата кратка биографија за животот на Исус? Ова е малку чудно, но одвоив само неколку извадоци за да добиете претстава за што се работи. Еве ја:
https://www.studentskiodgovori.com/a/koj-isus.html

Повеќе:
Духовна авантура, пакет - # 1
Духовна авантура, пакет - # 2
Духовна авантура, пакет - # 3
Духовна авантура, пакет - # 4
Духовна авантура, пакет - # 5
Духовна авантура, пакет - # 6
Духовна авантура, пакет - # 7


СПОДЕЛИ ГО ТЕКСТОТ:
WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More