×
ПРЕБАРАЈ
StudentskiOdgovori.com
Сигурно место за истражување на
 прашања поврзани со Бог и Животот

Духовна авантура, пакет - # 4

Здраво!

Денешната е-пошта ќе се фокусира на реалните, штетните показатели кои се против Божјото постоење. Предупредување: за сè ќе бидам целосно директна.

Често разговарам со атеисти, речиси секогаш на нивна иницијатива. Понекогаш, нивните аргументи едноставно ги занемаруваат фактите.

Сепак, атеистите имаат еден многу рационален аргумент против Бог.

Страдањето!

И тоа не какво било страдање! Многумина искусуваат неверојатно исцрпувачки страдања. Такви кои траат со години, кои се неподносливи, кои не се фер.

Да, точно е тоа, дека поголемиот дел од човечкото страдање е резултат на изборите што ги правиме.

Посакуваме сите луѓе да поседуваат човечка добрина, но тешко е да се објаснат војните, убиствата, злоупотребата на деца, корумпираната власт, силувањата, алчноста, рамнодушноста кон сиромаштијата и гладот, мачењето, зависноста од дрога,потпомогната од нарко-картелите, сексуалното ропство.

Треба да признаеме дека постои и страдање кое не е предизвикано од човечки фактор, како што се земјотресите, поплавите, вулканите, цунами, торнадата, кои носат болка, загуба и страдање.

Оваа земја не е лесна за живеење. Не е безбедна.

На тоа можеме да ги додадеме болестите ширумсветот, ракот, пречките во менталниот развој, вродените мани. Заремсево ова не е показател кој оди против Божјото постоење?

Сепак, јас сум убедена дека Бог постои и дека животот може да се живее со смисла и цел само ако се познава Бог. Па што да правам со ова?

Човечкото страдање не претставува сензационална точка за мене. Еве зошто!

Божјото постоење изгледа очигледно кога го набљудуваме она што постои. Прашањето е, зошто Бог дозволува такво страдање?

Ќе ви дадампримери кои нудат одговори, но еве го и мојот одговор на ова.

Сите показатели покажуваат дека Божјата интелигенција е бесконечно поголема.

Дали знаете дека вашето тело произведува 2 милиони нови крвни клетки секоја секунда?

Секој здив што го вдишувате поминува низ толку слоеви во белите дробови колку површината на цел еден фудбалски терен. Кој би можел да измисли такво нешто?

Знаете дека можеме да наброиме илјадници примери за Божјата интелигенција само ако ги погледнеме нашите тела, или нашиот универзум, или разновидноста на водниот растителен и животински свет,сè до микроскопско ниво.

Божјата интелигенција е незамисливо поголема од онаа на човечкиот род.

Колку и да сме поинтелигентни од еден комарец, Божјата интелигенција е неспоредливо поголема од нашата.

Поради тоа, кога доаѓам до темата за страдањето, лесно ми е да си претпоставам дека Тој има причина, зошто го искусуваме она што го искусуваме, а која воопшто не можеме да ја разбереме.

За мене тоа е како со двомесечно бебе кое прима вакцина. Бебето не може да сфати, зошто неговата мајка стои покрај него, додека докторот му создава болка. Зарем таа мајка не си го сака бебето? Да не е некаква идиотка?

Или,пак, има причина зошто го прави тоа, причина која е невозможно детето да ја сфати, дури и ако би се обидела да објасни?

Сметамдека е фер да употребам трошка понизност и да признаам дека имаме ограничен капацитет, за да можеме да разбереме некој од одговорите кои Бог ги има.

Показателите кои упатуваат на Бог се неизбежни, прецизни, логични и невозможно е да се негираат.

Затоа, заклучив дека прашањето за страдањето не може целосно да се одговори. (Обидете се на еден зајак да му објасните операција на срце).

Еве едно кратко видео кое ми се допаѓа.
https://www.studentskiodgovori.com/a/video-dali-bog-e-dobar.html

Исто така, ви кажав дека ќе бидам целосно директна. Еве го одговорот на прашањето: „Зошто да обожавате Бог кој дозволува да биде силувано едно дете?“

https://www.studentskiodgovori.com/a/zosto-obozuvame-bog.html

Но не само тоа. Бог не е резервиран. Тој не е незаинтересиран.

Всушност, ако почнете да градите однос со Него, ќе дознаете дека Тој е многу подлабоко, многу поцелосно заинтересиран да се грижи за вас отколку што си мислите или се надевате.

Во следната е-пошта... каков е Бог? Зошто би сакал да го познаваш Бог?

Оттука станува интересно!

Мерилин Адамсон

Директор на EveryStudent.com

Повеќе:
Духовна авантура, пакет - # 1
Духовна авантура, пакет - # 2
Духовна авантура, пакет - # 3
Духовна авантура, пакет - # 4
Духовна авантура, пакет - # 5
Духовна авантура, пакет - # 6
Духовна авантура, пакет - # 7


СПОДЕЛИ ГО ТЕКСТОТ:
WhatsApp Share Facebook Share Twitter Share Share by Email More